во (предл.) - поглавје (имн.)

Ќе имам во поглавје 18 уште многу да кажам за прашањето на мизогинијата и машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
VI И конечно во еден период Татко согледа дека треба да го напушти својот проект да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, зашто речиси се изгуби во поглавјето за лавиринтот на балканското јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зашто овој вид геј-култура, како што ќе видиме во поглавје 10, е толку противен на геј-еротизмот, толку ја спласнува сексуалната напнатост, толку е непомирлив со пројавите на прибраната мажественост кои привлекуваат машка геј-сексуална желба, што предизвикува општа одбивност кај геј-мажите, барем кога сакаат да изгледаат модерно, а не архаично – односно, кога сакаат да се претстават како сексуални субјекти и објекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен тоа, сочу­вани се словенски текстови напишани со скандинавски руни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо да ги отфрлам ваквите стварности како граѓа за стереотипи, ги гледам како граѓа за архетипи, значајни вистини што вреди да се истражуваат.80 Кога зборува за архетипите и за суштинските геј-различности, Фелоус оди подалеку отколку што би отишол јас; во поглавје 15 од оваа книга се обидувам да го разграничам своето гледиште од неговото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Интересно соопштение за приме­ната на фонетско писмо со азбучен карактер во ареалот на источните Словени е содржано во поглавје VIII дел 15 на панонското житие на Кон­стантин-Кирил Философ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој процес го претставува нивното најрано и најобликувачко искуство како приматели и субјекти на културата. (Импликациите од ова повеќе ќе ги испитаме во поглавје 16). ‌Ете зошто одбивам да си го ограничам приказот за машката геј-култура на некоја далечна епоха, на некоја историска доба што е начисто и вистински свршена – макар и од пред само некоја минутка, во зависност од тоа кој го пишува опелото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од современата младинска култура слободно си црпи од традиционалните облици на машката геј-иронија, како кампот, за да ги исмева примените културни вредности.158 (Ќе имам можност да се навратам на оваа поента, во врска со инди-рок-групата Соник јут, во поглавје 18.) Но не се ни сите стрејт-луѓе што ја прифаќаат машката геј-култура млади радикали, хипстери или контракултурци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)