во (предл.) - печат (имн.)

Својот прв голем настап во печатот го имал не како писател, туку како јунак со револвер, кој несакајќи ја застрелал својата жена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но кога во 1943 година активностите на движењата на отпорот добиле поголемо место во печатот и широк публицитет и одредени личности биле сметани за национални херои, сликата се променила.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Вистинскиот каталог во моментов се наоѓа во печат а причината за тоа е што сакавме последната поставка да биде фотографирана и влезена во него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеше да се претпостави дека Видерс и неговите соработници сега се во немилост, но за тоа немаше никаков извештај ни во печатот, ни на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изложбата била одлично прифатена од берлинчани и гласно одбележана во печатот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А романот излезе во печат дури потоа, со друго име за Паца и во друг град.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш ѝ го реков сето тоа и бев решена да не ѝ дозволам некои нешта да ги пушти во печат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мој е романот и јас ќе го имам последниот збор – инсистирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кон почетокот на 1940 година се однесуваат две литературни замисли на Набоков, кои не добиле во текот на неколку десетици години реализација во печатот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во Вашингтон, вопшто е констатирано со чудење и нелагодност во разговорите со официјални лица и во печатот дека во говорот се наведени факти за состојбата на герилата во Југославија кои не одговараат на тукашните известувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како и во 1942 година така и во 1943-та во печатот на САД преовладувале информациите во кои сè уште се величани генералот Дража Михаиловиќ и неговите четници како носители на отпорот во делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај доста скудните информации, во печатот можело да се насети како ќе се одвиваат работите на Балканот и во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, печатот сметал дека искажаните пофалби во полза на Народноослободителното движење и на Тито од страна на британскиот премиер би можеле да бидат вовед во преземањето мерки за реорганизација на Југословенската влада, за да се овозможи создавање обединет фронт меѓу "владата на кралот Петар ИИ, со онаа на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колку и да настојувале американските разузнавачи да ја прикриваат активноста на ПО на територијата на Македонија, кон крајот на 1943 година повеќе не можело да се бега од вистината.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се смета дека Москва ваквата англиска политика ќе ја прими со недоверба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На другиот крај од океанот, во САД, одржаниот говор на Черчил предизвикал бран од дискусии во печатот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа 1943 година претставувала пресвртница за промена на ставот на САД спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас ги збутав во печат зборовите од обичниот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас ги збутав во печат секогаш заминуваат, додека болните зборовите од обичниот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Уверен во лошите зборови, длабоко е убеден во печатот на својата судбина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веднаш да ви речеме дека ние сме беспомошни и засрамени, затоа што и во печатот сме наречени - најнечист град во земјата!!! Можеби сте прочитале?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа следуваа: збирките раскази „Мени на мојата месечина“, „Патот до осамата“, „Крстопат кон осамата“ и сега е во печат следната негова зборка раскази „Во осамата, со слободата“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа нека го, но како е тоа сепак, веднаш па во печат?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Читам: “Одете да го видите тоа болезливо, блиску до лудилото лице”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)