во (предл.) - пена (имн.)

Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Коњот му беше целиот во пена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Балканот ѝ е јазав со тешко воспаление, но таа танцува во тантели, ѕирка низ лорњон во напудрени танчерки, се капе во пена на проодни задоволства. Далеку е уште од агонија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Приказна: печурки со црвени стреи, чаркови во пена, златогрли сеници во грмушка. Лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговиот лик се претвора во пена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Јас не знам што има во пената, се чудеше Маре, за да не се лути. - Мене ми горчи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Децата шашардисано да се капат во пена на ноќните забави и да гледат да свртат нешто на брзина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)