во (предл.) - папок (имн.)

Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги затворив; тог ми ја крена кошулата; следниот миг почувствуав како нешто ми капе во папокот, и следниог миг го почувствував неговиот јазик во него, во папокот; срипав и ги отворив очите; „Јан Лудвик, што го правиш тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во папок ја подврзувале На едно место ја оставале На друго место ја наоѓале На коњи ја качувале Во галоп ја испраќале Крај модар насип ја саделе Во хорски жици ја тегнеле На таван ја лепеле Наменски ја употребувале (Била далновод Била и белутрак) Сега е литература Под сигнатура 49 Н
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок со глогов кол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
“ „Папокот на светот била чашата на Соломон, и на неа првпат записот од одајата бил сочинет; тоа е изворникот што денес го нема, а сите го бараме: во папокот на жената, во мрежите на словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)