во (предл.) - опис (имн.)

И видов дека сѐ што се кажуваше за одајата во описот од ливчињата на отец Мида, верно било, оти видов: одаја пространа, темна сосем, со среде на неа, што среде на светот беше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, идниот напредок на класичната AI, и веројатно на некои или на сите форми на когнитивната наука (вклучувајќи го најголемиот дел од психологијата), зависи од тоа нашиот свет да не се развива на начин на којшто досега хипотетизиравме, значи, нивниот интегритет како независни дисциплини бара суштинска претпоставка дека постои корисно ниво на дискурс на кое описите на „когнитивните” функции нема да можат да бидат адекватно пренесени со помош okno.mk | Margina #3 [1994] 97 на редукциски сентенци во описи на обсервабилни „невронски” настани, без оглед на нашето пронаоѓање на многу интересни корелации помеѓу описите на различни нивоа на анализа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Компјутерите не се инхерентно бинарни и тие не извршуваат инструкции, програмите не оперираат исклучиво со соодветни формални симболи, а разликата помеѓу интерпретерот и интерпретираниот јазик - помеѓу процесорот и програмата - обично не коинцидира со разликата помеѓу hardњare и softњare. Rychlack прави неколку едноставни грешки во описот на работата на компјутерите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му ја потхрани оваа теза на Камилски, макар што и тој веруваше дека постојат елементи со коишто и би можела да се брани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Под таа синтагма ја подразбирам состојбата за која зборував на почетокот на овој оглед, а тоа е доживувањето на стварноста како вистинитост не спрема она што се опишува туку спрема значењата кои се сугерираат во описот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во описот на предметот јасно се наведе дека конкретната тема што ќе се изучува ќе бидат машките геј- културни практики и машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)