во (предл.) - ниша (имн.)

Потоа отиде кај масата во нишата, седна и го извади дневникот од фиоката. Но не го отвори веднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Грдан ја зеде кутијата со маслинки и појде кон кујната во нишата, а Горда му грабна една со два прста и ја лапна како цреша, па си ја прибра чашката в скут, се истегна на столот и си ги крена нозете на масичето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)