во (предл.) - непозната (имн.)

Се обидуваше, испотен и треперлив, достано јак за да сфати дека сето тоа е само бесконечна игра, прогаѓање во непознати простори на чие недогледно дно лежи големата тајна: арапски букви на златни плочки, зелени портрети на некој Линколн, рудари - ударници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа пловеше некаде во бескрај и не на езерото, зашто го извикуваше името на Марина Крусиќ, небаре тој му е капетан и го води во непознати земји.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но силата на власта имала свои напишани закони и уште повеќе ненапишани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со казна на прогонство во непознати песочни далечини биле осудени сите машки на Кукулино над шеснаесет години, без оние што навреме избегале во планините, повеќето од нив никогаш да не се вратат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„И нас не крева високо, високо,“ - зашумолеа паднатите, жолти лисја, „и не расфрла насекаде оставајќи не во непознати места.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Да не го згрешив селото, вели, да не се вратив во туѓо село, во непознати луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)