во (предл.) - начин (имн.)

Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6.  Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд може – на седница на совет или врз основа на одржана расправа – да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозво- лена; да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првосте- пената пресуда; да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење; да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда (чл. 355. ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Изложувајќи му го на воајеристичкиот поглед она што обично припаѓа во сферата на приватното, таа покажува како јавното и приватното се вкрстуваат на нејзиното тело, покажувајќи ја сексуалноста неодвоива од општествените и историски односи на моќ коишто се впишани токму во начинот на кој се гледа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ани Спринкл ја преиспитува оваа воајеристичка парадигма, како и парадигмата приватно-јавно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму на прашањата за поимот на историјата во постмодерен контекст, Башевски пронаоѓа решенија мошне поразлични од оние на Андриќ и Селимовиќ, а постмодерните аспекти на романот се согледуваат и во начинот на прикажување на конфликтот меѓу поединецот и заедницата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој од нас веќе бил, или ќе се изненади, можеби скептично, при прегледот на антрополошките податоци за огромната варијабилност во начините на доживување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имаше нешто што личи на Гарбо во оваа ненадејна одлука да ја напушти својата публика која сѐ уште дигаше врева за неговите слики со Кемпбел-супите и скулптурите на „Брило“-кутиите; и имаше нека­ква логика во начинот на кој Ендиевите филмови полека се доближуваа до пародиите за холивудската неумереност - импровизираната екстраваганција со која ги претставуваше андерграунд „суперѕвездите“ како Бригит Полк, Еди Седвик и Вива. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој и не ги креираше сликите што ги користише, едноставно ги наоѓаше, ready-made, целите обвиткани во својата светли­кава аура што ги правеше незапирливо привлечни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тогаш, 1965-та година, тој објави дека се повлекува од ликовната сцена и дека сосема ќе се посвети на филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Навистина, еден или двајца од нив имаа елементи на поезија, во начинот на дотерувањето и во своите карактери, кои повремено се откриваат во сликовити фази, со свежа и оригинална реакција кон нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И колку секој од нас погрешно го разбира тоа не е наша вина - ако тука воопшто има вина, таа е само во начинот на кој јазикот функционира. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 25
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие претставуваат потенцијални места за влез во начин на суштествување усогласен со твојата визија за еротско и естетско совршенство, наместо постоење што ти бара да си ги жртвуваш сништата во служба на стварноста – на тмурниот, исполнителен живот како оној од улица Корделија во Питсбург кај Катер (бистро именувана според скромната, нестремежлива, буквална ќерка на кралот Лир) – како што стрејт-општеството би сакало да правиш.281 Во таа смисла, борбата на Пол во приказната од Катер или борбата на Веда во Милдред Пирс е борбата на машката геј-култура како целина.282 Веда не само што ја застапува каузата на бегството, со помош на пари (во нејзиниот случај), од задушниот свет на хетеросексуалните семејни вредности; таа исто така се бунтува и против самиот биолошки детерминизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Навистина, има нешто претставително во начинот на кој написот во Тајмс упорно конструира врска помеѓу Даниелсовото родово заматување, од една страна, и самата негова сексуалност, од друга страна, иако истовремено ги следи насоките на Даниелс кога одбива да признае каква било битна поврзаност помеѓу едното и другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нон-стоп нѐ опсипуваат со вести за „новиот геј-тинејџер“, за поделбите во геј-заедницата, за генерациските судири, за промените во начинот на геј-живеењето, за исчезнувањето на геј-политиката, на геј-игранките, на геј-сексот, на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие видови луксуз ти овозможуваат да живееш во подобар свет, кој не мора да биде поскап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доволно е тешко да се расветли привлечноста што за геј-мажите ја има една сцена во еден филм со Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта, попрво, беше да се покаже каде човек би можел да тргне да бара објаснувања – имено, во начините на кои меѓусебно испреплетените констелации на општествените вредности поврзани со културните облици општествено се кодираат за родот и за сексуалноста и во начините на кои човечкиот субјективитет, вклучително и сексуалниот субјективитет, се конституира во однос на тие веќе постојни констелации на сексуално интонираните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И сигурно секојпат сте фрапирани од веста, а токму затоа луѓето упорно ни ја кажуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да дојдеш до живот во гламур преку секс во најмала рака така што ќе уживаш во непопречувани сексуални задоволства со незнаен број посакувани луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гледаат тие дека се горе-долу прифатени каде и да одат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Е, па, можеби нешто слично слушате секоја година веќе триесет години за време на Геј-гордоста или секогаш кога некој инцидент ќе предизвика во стрејт-медиумите минлива љубопитност за состојбата на геј-живеењето во САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што се обидов да го направам, накратко, е да понудам концепциски модел за разбирање на комплексниот сооднос на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и културните практики и за реконституирање на општествената логика што го проткајува. 17 ЗНАЧЕЊЕТО НА СТИЛОТ Не е некое изненадување што жанровите на дискурсот и чувствувањето, како и стиловите на личното изразување, излегуваат кодирани за род и сексуалност, кога речиси сите културни предмети се интонирани со слични видови значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од причините беше присуството на невидливи, реални класни “полиња на сила” во начинот на комуникација помеѓу двете групи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Трагичното се состои во самото доживување на животот како бесмислен, а не во начинот на кој се искажува тоа доживување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И решиле таа бесмисленост да ја живеат на неразумен начин наречен лудило?,“ го праша Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа “мојот” го изговараше не само со присвојување, со потполно освојување на она “златен Зиги”; туку и со некаква закана за оној кој би помислил да ѝ го одземе синот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не се ли сите тие бесмислени постапки, намери и искази, последица на тоа што лудите сфатиле дека постоењето, сеедно дали разумно или неразумно, е бесмислено, и се разликува само во начинот на кој се изразува?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не сакав да остане со темните мисли, и затоа реков: “Би сакала да отпатуваме некаде. На неколку дена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во начинот на кој му се обраќаше тој остануваше секогаш мал: го викаше “мојот златен Зиги”, секогаш мал, секогаш нејзин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понатаму, статијата ни открива уште поинтересни историски податоци: Миграцијата на луѓето од село во град во 13-от век предизвикала значителни промени во начинот на облекување...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Сепак имам чувство дека има нешто многу општо во начинот на кој системите се организираат далеку од рамнотежата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сè до денес тој верувал дека има значајни подобрувања во неговите навики, во начинот на размислување и ритамот на живеење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас послужувам, а во начинот на јадење, џвакање и голтање, нема да се мешам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Разгледувањата на прозата на Чинго кои се лоцираа во вториот аспект, откривајќи го потеклото на тоа раскажување, барајќи ги неговите детерминанти во начинот на раскажувањето, трагајќи по раскажувачките системи врз кои се надоврзува, во критиката кај нас се доближија до едно сознание што во голема мера е општо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Улогата на латиничното писмо, главно поради италијанското влијание во овие краеви, очигледна е во начинот на кој се симболизирани самогласките и согласките (поинаку отколку во арапскиот), но во насока на пишување од лево кон десно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Арапското влијание се одразило во редоследот на буквите и во начинот на претставување на долгите самогласки (што овде не е прикажано).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сепак, јас имав увид во начинот на кој се правеше селекцијата на жените за акцијата “Елитен секс”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сеќавам, селекторите (стручни лица од различни области) ќе ги наредеа жените, тасма голи, во салата за фискултура, отпростум, една до друга, за да можат полесно да ја утврдат фактичката состојба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јемиш, зарзават, мешпајз... У оваа земја постојат чудни навики и големи разлики во начинот на кој се пазари, што се пазари и колку се пазари.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во текот на тие десет години ништо во начинот на кој се постапуваше со татко ми не ме иритираше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Восхитот на КоБрА уметниците кон свежината на детската визија предизвика богата непосредна соработка меѓу нив и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој не беше никаков исклучок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заедничката карактеристика на уметниците од КоБрА е нивната тенденција кон слободна експресија на себеси, преку директна и сетилна интеракција со светот, демонстрирана во начинот на кој тие ги обработуваа сликите и ги комбинираа материјалите. Margina #21 [1995] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што по нашки би значело нешто како... Моќите на сонот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ќе ти појаснам – продолжи Хорацио Цвикало. – Разликата меѓу големиот малечок човек, замисли го на пример амбасадорот на Америка, Русија или Франција во нашава држава – имаш чест да се запознаеш со нив преку ТВ екраните, и малечкиот голем човек, некој што можеби си го возел во ова такси, не сфаќај ме суетно, не мислам на себе, значи разликата меѓу едниот и другиот е, просто кажано, во начинот како го решиле судирот меѓу личната духовна конституција и она што се нарекува судбина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па сепак, во начинот на употребата на зборовите беше присутна шегата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Всушност, Кејџ својата дефиниција за уметноста ја презема од индискиот историчар на уметноста Ананда Комарасвами кој на уметноста ѝ ја дава функцијата на „поддржувач на природата во начинот на нејзиното делување“. Што значи тоа?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дали во начинот на кој ја доживуваме уметноста одиме на југ?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А храброста и достоинството се во начинот на кој ќе ги избришеме солзите, ќе си го измиеме лицето под млаз студена вода и ќе продолжиме понатаму.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сепак, јас би сакал да го бранам ставот дека има нешто посебно во начинот на кој ние луѓето сме интелигентни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, кога ја разгледуваме интелигенцијата in abstracto наспроти она што е специфично човечко во начинот на кој ние се сметаме за интелигентни, јас ќе тврдам дека би морал да се земе во обзир начинот на кој ние сме отелотворени, почнувајќи со фактот што поседуваме физички тела и завршувајќи со тоа што сме членови на човечко општество.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повремено добивав напади на бес, затоа што сепак тоа беше нагла промена во начинот на живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Морам да признаам, беше ненадминлив во начинот да креира суперситуации во кои секој на некој начин ќе се почувствува несигурен, изигран и вртоглаво стаписан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)