во (предл.) - напор (имн.)

Во Франција, во напорите за одржување на водите и горите, со декрети на Колбер во 1669 година, ќе се предложат во серија забрани против вековните обичаи за да бидат „зачувани шумите од отровните заби на козите.”
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Човештвото би се вратило со векови назад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во минатиот век, особено во наше доба, во напорот да се докучи смислата на првиот допир, да се согледаат одново острите граници и јарки бои со помош на кои првата слика се населува во потсвеста, голем список меѓу нив и творци од епохално значење за творештвото, направија обид да создаваат и по пат на психеделичкиот фактор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И тврдата упорност на каменот се топи во напорот на човекот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војниците со успореност, во напор да сфатат што се случува и што за нив е најдобро да прават, се натрукаа во претсобјето по чевлите и оружјето и еден по еден сепак излегуваа во дворот од цела опрема, готови да постапат како што ќе им биде заповедано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Грдан ѝ пристапи поблизу, во напор да ѝ објасни или барем да се обиде, но зборот му остана в грло - како кога стоеше пред управникот на домот чекајќи да му биде изречена неизбежната казна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Десетици генерации часовничари се подгрбавиле во напорите да ги уточнат, а тие враќаат со крајна небрежност.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)