во (предл.) - мочуриште (имн.)

Гадно му е. Тој е во мочуриште полно со зелени влечуги. Што бара овде тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како и да е, тој со своите две збирки раскази, „Ѓон“ и „Скок со стап“ значително отскокна меѓу жабите во мочуриштето, иако неговата иднина како врвен прозаист, си дозволувам да кажам, изгледа прилично несигурно бидејќи во неговите раскази се чувствува одреден недостаток од теми и одредена тежина при создавањето - што е, ако ништо повеќе, лек против неподносливата леснотија на пишување на скрибоманите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А што нè одведе во мочуриште?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да се потсетиме на очајниот шепот на стариот Микеланџело кој по “толку направени кукли” зборува: “Чуму сето тоа... кога завршуваме исто како оној што сакаше да го преплови okno.mk 229 океанот, а заглиби во мочуриште?!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нѐ растоварија долж брегот, во мочуриштето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Агрегатните состојби минуваат една во друга - прамочуриштето станува последна, впрочем и мошне сомнителна, метафора.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)