во (предл.) - манџа (имн.)

Не сме за таа работа, велиме и гледаме како дуваат во манџата од компири и овчо месо што им чади пред лицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама лакомиот готвач ставил од брашното во манџата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Гого, да не му тура нешто во манџата оваа Микица? Мене многу ми е сомнителна, да знаеш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оти, овој ставил отров во манџата на комитите. Некој го потплатил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)