во (предл.) - лер (имн.)

Врати во лер, па го отвори прозорецот од својата страна до четвртина: Да влезе малку свежина. Сопатникот, за чудо, ништо не му одговори.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ќе ти појаснам – продолжи Хорацио Цвикало. – Разликата меѓу големиот малечок човек, замисли го на пример амбасадорот на Америка, Русија или Франција во нашава држава – имаш чест да се запознаеш со нив преку ТВ екраните, и малечкиот голем човек, некој што можеби си го возел во ова такси, не сфаќај ме суетно, не мислам на себе, значи разликата меѓу едниот и другиот е, просто кажано, во начинот како го решиле судирот меѓу личната духовна конституција и она што се нарекува судбина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)