во (предл.) - лабораторија (имн.)

Како еден од првите халуциногеници репродуцирани во лабораторија, мескалинот широко се употребувал во експерименталните терапии за лекување на алкохолизмот, неврозата, психозата и други оболувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фотографиите на корицата се од колекцијата на „Браќата Манаки“ која се чува во Државниот архив на Република Македонија, подрачно одделение Битола. Фотографиите се изработени во лабораторијата на „Македонскиот центар за фотографија“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Сè дотогаш секој го имаше прифатено фактот дека не се произведуваат таблети со 2CB.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред успешните експерименти со луцидни соништа во лабораториите за спиење доминираше активациско/синтетичката теорија на спиењето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш дојдоа овие типови со нивниот примерок, го пративме во лабораторија и откривме дека содржи 37 милиграми 2CB.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некои сметаат дека Сандерс, и покрај своите добри намери, дава лоша информација, зашто производителите може веднаш да пуштат на пазарот лоши имитации на таблетите што добиле добри оценки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Реалноста се покажува повеќе како не-ствар-ност отколку како ствар-ност, постојана како расплинувачки облак. (Gilchrist 1995:1) Во подготвителните истражувања за својот проект Гилхрист ги посети лабораторијата за истражување на сонот на Клиничката психологија на Тексашкиот универзитет во Остин и британскиот истражувач Keith Hearne.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Машината за луцидно сонување користи топлинска, назална проба за мерење на температурата и дишењето, и наскоро ќе се појави на пазарот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во текот на седумдесеттите Stephen La Berge од Универзитетот Стенфорд и Keith Hearne од Ливерпулскиот универзитет успешно извршија комуникациски експерименти во лаборатории за спиење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сандерс тестовите ги прави во лабораторија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мора да се прави разлика помеѓу формално организирана хипнотичка сеанса, како на пример во лабораторија, соба за консултации, или на сцена, од оној вид нешта кои се случуваат во обичниот живот, при што, воообичаено, никој од оние кои се вовлечени во тоа не знаат што се случува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Виде- не виде, се откажа Мил од тоа и продолжи натаму да експериментира во лабораторијата подложувајќи ја смешата на овие аноргански елементи на ултравиолетовото зрачење и електрицитет и високи температури за да предизвика импулс во синтезата, во создавањето на органската супстанца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
III Мил по цел ден времето го поминуваше во лабораторијата; работеше експериментираше и не се обезхрабруваше: но му беше криво што никој не го разбира да го помогне, да му даде средства за да го реализира овој свој потфат; селаните и пред тоа не му обрнуваа внимание, а особено сега кога секој ден трепереа и не знаеја што ќе се случи со селото, со нивните животи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Штета, му велеа професорите, ако не продолжиш, жалаа зашто Мил беше еден од најдобрите ученици: со голема љубов учеше и ги вршеше практичните вежби на разни анализи и синтези во лабораторијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Органски молекул во лабораторија не може да се создаде, не можеш ти за кусо време да го создадеш она за што на природата ѝ требало милијарда години, му велеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се преслече и влезе во лабораторијата да продолжи со работа, чувствувајќи свежина и леснина во душата и главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XI Понекогаш на Мил при долго работење во лабораторијата, му се случува да му запрат мислите, да му се зачепат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Често и вон наставните вежби времето го проведуваше во лабораторијата проширувајќи ги дополнително знаењата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)