во (предл.) - куфер (имн.)

Сето тоа беше убаво наредено во куферот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Александар допатува со тегет сако во куферот, дворедно и со сребрени копчиња...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакото, му беше само за свечени прилики, а тој многу внимаваше на тие работи!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како никој жив од Потковицата немаше или нејќеше ништо лошо да каже за Јована, властите се налутија и ги нападија железничарите од станицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така го расипав минтанот и ги собрав в куфер да ги однесам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Трчај, ќе видиш! (Префрлува во куферот и вади златен саат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: (претурајќи во куферот вади чивт женски чевли, женски копринени чорапи и златен прстен и ги дава на Ана.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гледа во банкнотите, издвојува една, а останатите ги враќа во куферот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гледа долго. Во погледот светнува искра на љубов, почитување?... Но набрзо се гаси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во куферот имал долна облека, „Клетници“ од В.Иго на француски јазик и, се разбира, повеќе пакетчиња убаво завиени, распореден, но и добро замаскиран динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еднаш го намачка со слоеви флуоресцентен портокалов кармин, последниот од нејзината сценска шминка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сани почнува да сфаќа дека ако не успее да го замолчи бебето, Далтон ќе ја напушти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На раните му става млеко за сончање, масло за масажа, или што било што ќе најде во куферот заостанато од поранешниот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иследникот Едип-ефенди внимателно ги празгледува предметите најдени во куферот на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ана, Ана, Капсулите и бартолетовата сол извади ги од под креветот. Прво, прво тоа! Да ги сместиме во куферот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ден немаше воздушни тревоги и можев во куферот да фрлам неколку најпотребни работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се говореше дека во куферите на Марко Проказник се кријат многу богати тајни од кои се занемува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Работите во куферот ми се уредно и внимателно спастрени, а врз нив лежи папката со рефератот што треба да го прочитам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во мугрите, премален од патешествието и застрашен од тоа дека ќе ме откријат, ја вратив униформата во куферот во нивната спална соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Филмот продолжува, глумците го тераат својот дијалог, кажуваат некоја шега и тој се насмевнува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги вратив во куферот сите алишта што ги имав, се облеков и истрчав низ ходникот, за последен пат гледајќи ја тетка Олга како плаче и со една рака го трие подот, а тетин Јован како се обидува да ја крене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во дуплото дно се шверцуваме самите себе си и го гледаме својот сопствен шверц како цариници на кои сѐ им е јасно, но кои не можат да поверуваат дека некој е толку безобразен самиот да се носи себе си, во куфер, илегално, преку сите дозволиви граници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тука непосредно мислам на Дишановата Boite-en-valise (Кутија во торба, 1936-41), минијатурниот преглед на уметниковото дело, па според тоа и на неговиот начин на мислење, внимателно спакуван во куфер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)