во (предл.) - куп (имн.)

Познавајќи се едни со други сите, во купот луѓе, Петар здогледа една убавица, непозната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Впрочем, историјата на Балканот секогаш беше таква, доаѓаше и одминуваше во куп, а остануваше грутка мраз во душите на луѓето која тешко се топеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека го гасеше и вртеше во купот згмечени филтери во пепелникот, безделно фрли поглед кон часовникот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
После некое време сето тоа стана и премногу комплицирано.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Остануваа закопани некаде во купот хартии и јас заборавав да ги сменам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многумина се познаа како комшии, што си одеа и идеа на гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се провикна Толе и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја вративме фотографијата во купот ветошини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во фоајето на продавницата поставени се неколку тезги со купишта изгужвани панталони и сукњи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговата ревност полека попушта кога одеднаш нешто во купот му го привлече вниманието.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од големото аморфно штофено тело на тезгата извлекува парчиња како црева, ги одмерува и повторно ги враќа во утробата на неговиот нем расчеречен пациент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор ги засукува ракавите на својот капут при што од нив испаѓаат мали шаки како во ракун спремни со невидена силовитост и спретност да се нурнат во купот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги фрлавме во купови што растеа покрај машината за вршење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука чекавме наредби и дознавме дека од Грамос нашите се повлекуваа, по наредба на албанските офицери оружјето го фрлаа во купови и се прибираа под сенките на боровите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поединечно – еден зад друг. И збирно, во куп, и толпа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа не сакаше да гледа во купот цигли, бетонски плочи, искршени предмети, што беше останал од нашата куќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но истовремено го остава недопрено почетното прашање зошто централната честичка во основата не го чувствува и најголемиот притисок во купот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нека се запрашаме кои од јаболката во купот се наоѓаат под најголем притисок.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Надолу имаше понекој буден, тоа беа пајаците, пеперутките, и два убави глувци кои ги начекав во непристојна ситуација, па стрмоглаво избегаа во купот несредени дрва.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Овие се втурнаа во купот и со ѕверски постапки ги одделија децата од дедовците им.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но наместо одговор, напаѓа град камења на сите сејмени што беа на портата, па и на самиот буљукбашија. – Внатре, браќа, внатре да го најдеме нашиот душман и да си го земеме нашето – повикаа во еден глас поп Јаков и Димитрија и се џитнаа први кон портата која семејните брзо ја затворија и почнаа со мазгалките на калето да пукаат во купот селани. – Оф, ме изеде кучето краставо – писнаа неколку селани и паднаа на калдрмата поред портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но Ристос не се кажа од никаде, а сејмените ги испукаа своите кубури во купот луѓе, жени и деца и се втурна да сечат со јатаганите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За неколку минути сејмените ги заградија селаните од двете страни на улицата, а неколку души ја препречија портата со навртени кубури во купот селани и со исукани јатагани. – Ќе си одите дома или да им речам на сејмените да пукаат – извикна сега силно буљукбашијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По ова пукање се истури залп од пушки и пиштоли и од другите редици аскер во купот луѓе што навалија на портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ми го фрлај шинелот во купот стари партали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одлично е!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пробуваме првин по малку од сè... и после се решаваме, пипкаме, боцкаме, голтаме... брцаме со прсти во купот... работата е да се почне...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А, заборавив да ти кажам, во дворот, во купот луѓе ја видовме баба Митра со Дончо, ама после се загубивме, не се сретнавме!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој вика и пцуе на албански кога некој не ги извршува неговите наредби, Едни во камионите, други во купови го фрлаат оружјето и се тргнуваат настрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чаршафот го вратија и го фрлија во купот за перење...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)