во (предл.) - кокошарник (имн.)

- Кој дошол, бре ќелеш, ноќеска со коњ што изгазил вака бавчава?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Баба Петра влезе во кокошарникот и потамина од седалата прибра јајца. - Не била ласицата да ги излапа - си помисли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Келнер, уште една тура на масава! И мезе. Како нема? Штом отидоа петлите, ни јајце во кокошарникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога и тие не му даваа, купи неколку пишиња од селската продавница и ги држеше скриени на разни места: во плевната, во грмушките во бавчата, во кокошарникот, во трапот од реката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Навечер, по вечера, додека Кети работеше во кујната, Милан се зафаќаше со работа во работилницата или во кокошарникот, а Френк одеше на куглање или посетуваше настани со борење, а таа и Даниел седеа во градината како двајца вљубени во парк.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откоа доиграло момчето со коњо, го испушти и си влезе в кокошарник да си спиет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле ќе се пикнев и во кокошарникот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)