во (предл.) - ковчег (имн.)

Бидејќи му беа големи, не ги обу, ами и скри во ковчегот каде што му беше велигденската кошула.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им умрело, го клоцнал некој коњ, едно малечко; никој не слушна да го редат но сите видоа кога умреното, затворено во ковчег и натоварено во кочија, го изнесоа од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има и други во ковчезите, ако не ж'ти — бели, сребро, алишча, токо работата е друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дење и ноќе, јадење, сон, дишење, чекање, радување, сé во ковчег од вода, во ќелија на клиниката.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И не пренесувајте глас - црна чума, нека мајките ткаат руби невестински, во ковчези нека збираат приќе, нека месат колачи - покани и дарови за свадби нека токмат и нека диплат пелени и лулки од таван нека симнат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дали си забележала дека ако некоја облека не ја фатиш долго време, е полна со прав, и ако е затворена во кофчег а правот во кофчегот не може да влезе?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледа Богдан Видуша допрена до него на сликата пред училишната врата и му навираат нејзини зборови од писмото што го најде во ковчегот заедно со другите неиспратени писма: „Еве ти пишувам пак, иако не знам каде да ти го пратам писмово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Би можеле да го кажеме и она леонардовско, “лекар на убавината”, за тој чуден човек од Автокоманда за кого се зборуваше дека спие во ковчег, и чии најпознати прекари беа Рембрант, Ацо- Депресија, Кракатау и Коала.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во ковчегот ги здипли и изнареди и деновите, и неделите, и годините и надежта. Убавата невестинска надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако го донесов пајакот, во ковчеже со капак издупчен, како небото издупчено што е со ѕвезди, го посетив отец Стефан во одајата негова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас побарав да не се вика зограф, оти и најдобриот зограф е полош од најслабото огледало; реков да не се фрлаат парченцата, туку да ми се приберат во ковчеже и да ми се дадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потем оние луѓе ги собраа во ковчеже, го запечатија ковчежето и со голема чест и слава ги принесовме во храмот, во градот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ТЕОДОС: Сотони, сотони, поарно в ковчег на гробишта да ме однесете!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Туку ела да ти кажам нешто пријателски, насамо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Господе, кажи што ти згрешив... - заолцка повторно Маруш: што лошо сум ти сторил што ова ми го направи... - почна повторно со главата да удира во ковчегот од Висар, но Трајан го крена и го однесе во другата соба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јазикот ми беше влакнест, старечки: лежеше во ковчегот на вилиците како бессилен мртовец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето џвакаа и зачудено го гледаа. Нивните големи залаци предизвикуваа болка во моето грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влегов во собата во која Клара лежеше мртва.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така ги закопувале, во паркот, во плитка дупка, и наместо во ковчег – во чаршаф.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми постојано се врткаше околу последните зрна заклучени во ковчегот под скалата, прибираше од оние што сѐ уште не мувлосале и шепотеше налутено колнејќи ги „желкарите“ и „ камаратине“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Колку? - Сите што ги имаш во ковчегот. Ќе требаат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти го гледав огледалото кое го носеше секаде, ама не и знамињата. – И не можеше да го видиш, како и никој во куќата, го чував во ковчегот со чеизот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Татковите мисли се вееја нејзините заборавени знамиња, во ковчегот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога го слегоа и минаа низ дворот, кучето (што остана живо од ”кучеубијците” благодарение на Богуле што го скри в шума) пак излета од куќичката, но овој пат не залаа на Илко како порано, туку немо гледаше во ковчегот и луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)