во (предл.) - капитализам (имн.)

Преминувањата од една група во друга се далеку помалубројни отколку во капитализмот, или дури и во прединдустриската ера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ударнички, онака како што, по кажувања, се работело на доброволни работни акции во комунизмот (и на работа во капитализмот), имав сила и невидена упорност на која би ми позавидел и најголемиот ’рвач, Зума.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Отворено му загатнав дека со новитетите закрепнува напредокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ми вети дека ќе се заземе околу таа идеја, но, се чини, како што вети така и заборави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нека струже, нека кове, како што се правеше и во капитализмот, пред војната, а јас како директор, ќе се потрудам околу некои нови производи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или и неговиот збор доволно не тежел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Гробници, Наполинки. Како да живееме во капитализам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 140. 98 Ibid., p. 176. 88 од анкетите и експертите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Низ животот на Мајка, кој се одвиваше речиси во целиот тек на дваесеттиот век, се збиднаа и балканските војни, Првата и Втората светска војна, раѓањето и падот на комунизмот на Балканот, како и она на сталинизмот, распадот на Југославија, создавањето на Македонија, транзицијата од социјализам во капитализам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)