во (предл.) - кадар (имн.)

Во кадарот по грешка влегува бела птица и го упростува впечатокот. Лирски јасно и банално.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Морисеј, на пр., на сличен начин, снимајќи го Далесандро зад грб, ја крие скандалозната содржина иако го има во кадарот (Flesh, Heat).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)