во (предл.) - излив (имн.)

Во изливот на емоциите останале забележани само оние кои отишле најдалеку во чујноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во една пригода, во излив на отвореност и искреност, ова му се случуваше само пред Татко, кога ќе кажеше нешто што можеше скапо да го чини од што и собеседникот го обземаше немир, ќе заклучеше дека само затворот на Голи Оток можеше да го ослободи од стравот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)