во (предл.) - идеја (имн.)

Од таквото „тотално прочистување” не гледам голема корист, бидејќи изолираноста на тие поединци не може да придонесе за размена на жива информација и комуникација во идеи. Маргина 36 125
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веруваше во идејата дека сета историја на човештвото може да се претстави со три-четири вистински метафори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, ако некаков излез, постоеше, можеби беше во идеите на татковите книги, кои се однесуваа на потрагата по константите на идентитетот низ троверјето, кои не завршуваа во ниту една конечна татковина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во митологијата, во идеите, во симболите, современата поезија откри нови соништа, во соништата нови реални светови.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во бараката седна на клупата зад грубата маса и се задлабочи во идејата како во базен со млака вода.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неверојатноста е во идејата да се биде компатибилно дипломатски потпрен на барањата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сè уште на границата на фетишизирање на телото, сè уште цврсто држејќи се за телото, сè уште заробена во идејата за рушење на ренесансниот мит за дуализмот меѓу духот и телото со рушење на интегритетот на телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каде тука спаѓа Орлан?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да погледнеме како случајот на Кулик го поткопа наивното верување во идејата за уметнички дијалог, и како е преформулирана целата дилема за уметничкиот однос меѓу Исток и Запад Interpol изложбата во Стокхолм е презентирана како обид за воспоставување дијалог и нови форми на комуникација помеѓу уметниците од Исток и Запад.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е вистината, соколи, толку убаво сега сте навлегле во содржината, во идејата, - заклучуваше победоносно, гордо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Но тоа не ме тера да си давам лажна надеж, за да го избегнам сопствениот страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти се плашиш од смртта повеќе и од оние кои во идејата за бесмртноста бараат утеха,“ му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тешко ги припитомуваше најнедостапните во мислите на бескрајот, во идеите на полнотата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)