во (предл.) - знаме (имн.)

А она што идиотизмот се обидува да сомеле, тоа не се само аскет­ските идеали во коишто Ниче гледаше „вистинска свештен­ска вера” на филозофот, свеште­никот и уметникот, „најдобар инструмент на нивната моќ и овластување од семоќниот за нејзино извршување”, туку и самиот идеализам, оној кој владее со почетоците на пред­брач­ната поезија или кој е закрпен во знаме од приврза­ниците на академизмот кој постојано се препородува како најпа­тетичен авангардизам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беа заборавиле дека тие ме промовираа во знаме на победата. Во предводител!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Следбениците на Адолф Хитлер го познаваат тој симбол, приказ на идејата во човекот, во знамето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По многу изминати години, секогаш кога ќе видам црвени знамиња, црвени петокраки, црвени пионерски марами, се сеќавам на она партизанско црвено платно што пред мои очи се претвораше во знамиња, во петокраки со кои партизанските единици одеа во борба за слобода.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)