во (предл.) - зародиш (имн.)

Најголем дел од она што не ми се допаѓа во моето пишување го има овде во зародиш, а и во поразвиена форма.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, додека ги посматрав овие населби, неволно ми идеа мислите на убавата долина на Радика, па и Вардар, на нашите езера, на долините на другите наши реки, во кои можат да се изградат безброј вакви летувалишта, кои веројатно ќе бидат и подостапни за наши луѓе, и патем да се решаваат и други проблеми - да се вработуваат нови луѓе и да се активира една цела нова индустрија за приколки, која сега сѐ уште е во зародиш, барем кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Излегува дека нема посигурен начин да се сосече романса во зародиш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)