во (предл.) - запис (имн.)

Новинарството на Кирков поради тоа не е новинарство на маргинални детали туку деталот се вклопува како незаменлива составка во записот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Една убава, млада жена, менаџер на проектот, образложено ги потенцираше стратегијата и целите на нивната хуманитарна дејност, а јас се зачитав во записот на Коцевски за старите еснафи, за абаџиите, гајдарџиите, бешчиите, брдарите, демирџиите, екмеџиите...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А Филозофот продолжи: „Размисли: ако во записот се говори за леб, тогаш следниот збор до него, кој најголема љубов кон овој збор пројавува дури и во јазикот твој, па и во јазиците на сите родови на лицето на земјата – кој би можел да биде?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа, погледни добро во записот што ти се чини ин, и кажи: ако овој збор овде, „нинда„ што се чита, значи „леб“, можеш ли да насетиш за што се говори?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можно е отец Мида да го прочитал само она што неговиот дух го видел во записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веројатно не сум знаел точно кога почнува наставата во Учителска, во записот стои дека тоа ќе се случи дури на крајот од месецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Има ли корен што расцутува во невиност Или невиноста ја има само во записите На државните хроничари и режимски писатели?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)