во (предл.) - заборав (имн.)

Човечката душа, Аристотел ја разбира како супстанцијална форма на човечката индивидуа која се состои од материја и форма, како што е тоа случај со секоја супстанција на земјата, нагласувајќи при тоа дека човекот, како индивидуа, е тој што делува, а не само душата, како што е водата таа што мрзне, а не природата на водата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Паѓаа во заборав претпразничните ноќи со илуминации и со топови што ги најавуваа Денот на трудот Први Мај, Денот на победата, Денот на армијата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Главниот дел од информацијата што сме ја стекнале во нашето релативно краткотрајно присуство тука потонал во заборав.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога во тоа време зборував со Американците, ме прашуваа: „Кога последен пат сте биле таму?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неколку години подоцна, кога вистинските побуди од овие гласини полека почнаа да паѓаат во заборав, се случуваше некој американски сноб да се сети на помодната идеја за Хичкоковиот пад и да ја прогласи за своја критичка оцена. •Хичкок:„Немојте да мислите дека бев луд по сето она што беше американско, но за филмот сметав дека е нивен начин на работа, бидејќи навистина беше професионален, далеку понапред во однос на другите земји.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чесно е тоа, рече Аларах: колку погуста нива - толку побогата жетва...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето она што ние гоправиме е спротивставено на тенденцијата кон зголемување на веројатноста, но сето тоа - веројатно - ќе се влее во заборав.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите вие, исчезнати, имате право на историја, не чекавте напразно толку векови во заборав...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ падна во заборав. Времето си ја извишува својата тврдина. Човечкото време ја уриваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Христијаните стравуваа да не Турците, за да пружат докази пред властите дека навистина е тој, Јован Акиноски, е злосторник каков што не ќе се роди друг во царството, одново искасапат некое христијанско семејство, а Турците, татковците, веќе уверени дека колежот над Акиноските го извршиле нивните синови, да не гласот за тоа допре до султаните во Константинопол па и едните и другите молеа бога да отпочне нов брј со Маџарско, за тоа веќе и се зборуваше во царството, и сета таа грозна историја да пропадне во заборав.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да...спушти глава...гривата од долга коса... и отиде во заборав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Многу имиња, лица, очи, образи, настани, места, доживувања, случувања ги голта времето и безмилосно ги истресува и ги праќа во заборав.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои само како белешка, небаре само потсетник за да не се попадне во заборав, а други, пак, богато обработени со многу податоци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На периферијата на градот, опкружена со високи борови, во заборав стои некогашната италијанска двокатна болница во која спас од раните најдоа илјадници македонски и грчки момчиња и моми, борци на Демократската армија Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Зарем тоа не е она најстрашното,“ рече Клара, „бидејќи она Јас кое едвај трепери, најболно посакува да биде сакано; нешто во оној чие Јас е растргнато знае, дури и кога не сака да признае, дека само љубовта може да го сочува неговото Јас, а стравот од љубовта е секогаш посилен од оваа свесност, и го турка сознанието во заборав, или го победува со уште поголем страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Во лудилото љубов може да се јави само кон измислена, измечтаена личност; љубовта кон вистинска личност, а тоа значи вистинска и реална љубов, е неможна, затоа што да се љуби другиот за лудиот значи да се биде ист со другиот, а да се биде ист со другиот значи да се изгуби самиот себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Соседите и оние што го знаеја, со време на него заборавија, во заборав го оставија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Честа појава е авторот и делото заедно да заминат во заборав.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Топол поздрав од тело во заборав какви не волшебства љубовта ткае во влажноста на сетилата, шкрипи моќта на природата испреплетена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се обидувам да ги облечам во ново руво, потфрлајќи го она препознатливо, парталаво... нека тони во заборав, во подножјето осојничаво тмурно...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Фрли го во морето нека го носат далгите во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пет минути и отровот ќе му ја замрачи свеста и ќе го фрли во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А за она, кога го колнеш секој машки полов орган на светот и му посакуваш да се исуши, па воедно свечено се заколнуваш врз крст и кандило дека нема да легнеш веќе на кревет со извиено тело барајќи го со заводлив поглед оној што е главен виновник за сè што преживеа... тоа паѓа во заборав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дозорните дружби со своите пријатели заминаа во заборав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пливајќи се занесов во заборав. Неосетно навлегов многу длабоко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинското прашање и неговите главни протагонисти со кои ме доближи функцијата и природно требаше да ме оддалечи, стана значен дел од мојот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се војувало и умирало, војсководители и владетели останале закопани во заборавот на времето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не затворај ја вратата, не губи се во заборав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде се вкрстиле повеќе цивилизации: на Каспијците, на Вандалите, на Феникијците, на Римјаните, на Византијците, на Арапите, на Шпанците и на Турците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев дел на една дипломатска мисија, во едно значајно време, на значајна земја, чија улога се маргинализираше, паѓаше во заборав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Од преголема желба да дознаам што се случило таа ноќ, веќе со ниет еден ден дури и да пишувам за семејната судбина, често инсистирав и прашував за да го дознаам и тоа што можеби и не можело објективно да се знае за патувањето, кое речиси паднало во заборав, па браќата велеа дека претерувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Албанците, според Татковите претпоставки, најверојатно останале нивниот најархаизи­ран дел, оставени во голема самота и во заборав во исто­ријата, со постојани граници околу нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тамам мислеше дека деталот е тука, тој исчезнуваше потонат во заборав, како да се обидуваше да си ја фати сенката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По нашето последно патување, пругата плевел фати, а вовчето исчезна во заборавот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Застрашувачка е вистината дека еден ден сите ќе заминеме во заборав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, не смееме да оставиме празнина во времето кое безгрижно го трошевме на стигматизирани невистини и небитни луѓе, настани, моменти.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зборови тешки, без почеток и крај, пекол и рај во огледалото нема одсјај, зошто лик кој патува во заборавот е ликот во огледалото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вечерва мојот свет се руши, секој немир ме гуши, зошто оваа вечер и ангелите спијат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бродовите на судбината ќе отпловат по морињата на невремото за да се изгубат во заборавот на минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)