во (предл.) - живеалиште (имн.)

IX. Беше една друга врата во внатрешниот ѕид од собичката, кон која водеше еден широк премин, и за која, ако се погледне подобро, и како да постоеше таа собичка; една врата, на која ѝ беше подредено всушност сѐ во живеалиштето, и Змејко полека се доближи до неа и ја отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го следеше Сириецот низ целото Царство, сиот во напнат скок, а сега, кога го достигна во живеалиштето на шумските џуџиња, мирно, безволно го прифаќа изрезбарениот камен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Добиточните згради, од Северната до Западната порта ги претворија во живеалишта за нив, им доделија по нешто за ограѓе, добиток и живина, а во нивните куќи во Дупка доселија преселници од приморска Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека се дивижиме по каналот, забележувам ове-онде по некоја куќа, всушност, пловен објект претворен во живеалиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)