во (предл.) - жена (имн.)

Неуспешни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Својот нов псевдоним главно го користи за време на своите книжевни настапи, дури преоблечен во жена тој врз себе ја навлекува измислената маска Rrose Selavy: „Rrose Selavy et moi esquirous les okno.mk | Margina #15-16 [1995] 21 ecchymoses des Esquimaux aix mots exquies.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Долго време не смеев да погледнам во жена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Корец погледнува во жена си.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Синоќа си го кажаа само најважното.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа ќе значеше дека ме искористувате како жена, кога всушност јас не сум тоа и кога ми е потребна помош, многу помош, за да израснам во жена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Браво: (на Ритон) Се плашиш дека потполно и конечно ќе се претвори во жена?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жестока, афективна - или двете истовремено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е доказ дека на Божјата заповед, според која мажите мораат да бидат обрезувани, намера ѝ била да го сузбие оној вишок во жената, имено претера­ното телесно уживање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во истиот момент на своето рамо го почувствува стисокот на Кети и погледна во жената.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И потем кажа: со врвовите од прстите поминал по записот-клопче; и не прочитал ништо ново; во центарот на клопчето, во средето на преѓата ја прочитал буквата Ж, во жена престорена, насликана од незнајниот сочинител на таа одаја; лево од неа го прочитал записот познат: Јас, царот Соломон, велам: Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сочинението е мрежа пајакова, круг, нула чиста во која се содржи сѐ, од која сѐ излегува и во која сѐ се враќа, како што од утробата на жената, на буквата Ж, пород излегува: утроба, источник на светот и уточник, кога наслада во жената и писмото се бара!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Феминистичката мисла е „една теорија во развој за општествениот субјект од женски пол или во жена воплотениот општествен субјект, чија конституција и чиј начин на општествена и субјективна егзистенција најочигледно го вклучуваат полот и родот, но исто така и расата, класата и кои и да било други значајни социокултурни поделби и репрезентации; една теорија во развој за општествениот субјект отелотворен во жената кој е заснован врз неговата специфична, забрзана, конфликтна историја.“ (де Лауретис). okno.mk | Margina #1 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прекинавме со вежбите и вчудовидени гледавме во жените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зашто залудно е сè ако во жената што ве љуби не можете да ја зачувате љубовта, туку со својата нетрпеливост и лудост бегате од неа и дури ни во зрелоста на едното цело со неа не умеете да созреете доволно за да ѝ бидете маж, а не дете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Смиреност - Посно лице на масната душа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Совест - Чувар на срцето, што пречесто Ф Филозофија - Наликува на потрага по спие. злато, многумина ја бараат. 118 okno.mk Фурија - Чудовиште, најчесто се Човекољубие - Надуен балон, повеќе претвора во жена. прикажува отколку што содржи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во жената сум јас целиот и со душа и со тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зборовите “Belle Haleine” се заштитен знак (негов жиг) на овој измислен мирис и печатени се под фотографијата на која Du- champ се појавува камуфлиран во жена, со голем шешир на главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во третата сцена таа низ прозорецот исфрла разни предмети, а меѓу нив и еден писоар, истиот оној предмет што Duchamp, истата таа 1917 г., ќе го изложи на изложбата на Независните уметници во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој псевдоним Duchamp го направи за налепницата на шишенцето со Eau de Violette (Темјанушкина вода), која, само со преместување на една самогласка, ја претвори во “Eau de Voilette” (Затскриена вода, зад вел).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во четвртата сцена, мажот Therese- Tiresias се појавува престорен во жена - Duchamp слично е облечен во Belle Haleine (1921).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А длабоко риев во жената која сакаше да исцица се од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Милош, исто така млад, на осумнаесет години почна да се загледува во неа како секој маж во жена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти си, Анѓо, или твојот дух?! – и застана како закопан на местото ѕурејќи се во жената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но во селото се ширеа разни вести: тè го виделе облечен во женски алишта, преправен во жена, зборувал како жена, и се однесувал како жена; скитал по селата и питал леб да се прехрани; тè го виделе подивен: облечен во кожа од мечка или волк и урликал, напаѓал на сè; тè го виделе каде што доаѓа ноќе дома му, преспивал, земал храна и рано во зорите пак бегал во планината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Долго време не смеев да погледнам во жена.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Потоа немо гледаат во жените забрадени со црни шамии и, по подолго молчење Нумо почнува со она свое што Пандо веќе го знае на памет: - Еј, жено-женичке, не ми ја пери кошулата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вкусна, сочна – за мене уживањето во жените и доброто јадење беше исто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Уште од летоска Пелагија ја гмечи уличкава,излегува и на Ѓуро Ѓоновиќ, па отаде, по сокачињана, се загледува во градините, во жените седнати пред влезовите, по негде влегува и стигнува до нив со надеж дека некоја ќе ѝ врати како во нивната скромна куќарка има место и за нив тројцата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)