во (предл.) - екипа (имн.)

Откако влезе во екипата на Волнаровски, Авни речиси ја остави работата во златарата “Карат” и целосно се оддаде на секојдневните обврски: регрутирање на жените од Прифатниот центар и нивно пренесување со комбе до Бар, за оттука, по воспоставениот канал, да можат да го продолжат патот до Бари, во Италија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако Авни влезе во екипата на Круме Волнаровски, неговата златара „Карат“, во Старата чаршија, работеше формално. Беше човек од доверба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја вклучив во екипата што требаше да биде врска со женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А, може да заврши работа и добар селектор, внатре во екипата (не сум била на фризер, пуштам џигерици).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подемот на насловниот лик, преку напорна работа, саможртва и безљубовен втор брак, до богатство, гламур и висока општествена положба – заедно со придружните фрустрации, разочараност, расипување и виктимизација — се сведува на една мошне конзервативна, морализаторска приказна, а сексуалната политика на филмот е идентично ретроградна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот е бележит и поради улогата на Батерфлај Мекквин, која не е именувана во екипата, а која ја игра црната прислужничка на Милдред, Лоти, на некој начин најдивниот лик во целиот филм, но исто така и средство за упорно, жестоко расно стереотипизирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако Милдред Пирс ја скокотка публиката со грешната глетка на женската сила, автономија, пргавост и моќ – дури и со извесна женска мажественост – тој тоа го прави под услов Милдред на крајот да си ја предаде самостојноста и да се врати во положба на домаќинска и сексуална подреденост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Асистент снимател, - почна Геро заземајќи посериозна поза, што ќе рече дека и запалката ја прибра в џеб, - тоа ти е првиот човек по снимателот во екипата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти си снимал филм? - Не баш дека сум снимал, ама сум работел во екипата што снимаше филм. - За Маврово? - За Маврово.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако биде редовна на тренинзите, в година ќе влезе во екипата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Едните во бели, другите во сини дресови истрчаа на игралиштето, застанаа спроти и сложно се поздравија: - Здраво! Здраво! Здраво!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се растрчаа низ теренот и секоја убава комбинација заврши со фрлање во кош и најчесто со погодок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)