во (предл.) - другарство (имн.)

12. Мисирков го читал овој текст во Другарството на 21 септември 1903 год., пред донесувањето на Мирцштегската програма за реформа, но тој будно ги следел сите нејзини подготовки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои од гонителите што го нашле на дрво притаен како верверица со козји нозе, отишле да спијат, другите што останале и луѓето на Доце Срменков сакале сè да знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и се развеселиле на утринската сончева топлина кога попчето се напило повеќе ракија отколку што му примала празната утроба - деца се, денот им почнува во другарство со жива играчка додека најмрзливите петли со задоцнување брзале да ја поздрават златната источна поплава по мукањето на добитокот по вода или по штотуку жугнатата трева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)