во (предл.) - диско (имн.)

Не планиравме да одиме во диско, сè додека не се јави Стомачето на Лима.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да бидат дел од нудистичките плажи на Грција, запалени тинејџери во диската со два пати помладите од себе. Едноставно, да бидат откачени за својата возраст и ум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Грешката, чинам, лежеше многу понапред - се покажа дека девојките кои, со долна облека на столбовите во диското, се повикуваа, не беа никакви божици на плодноста, туку на згодноста.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За разлика од јагнето, чија крв во темелите требаше да донесе мир под покривот на Блиската роднина и Минувачот во 5 до 12, овие божици на плодноста се одѕиваа на обредниот повик и редовно доаѓаа во диското, но прилично ретко се пораѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Контрола на билети“, ми вели еден што повеќе прилега да биде истерувач во диско, а јас глупава и по малку глува, блеам во него како недоветна, да не речам мутава, а тој ми ја граба картата од рака, во која сум го стиснала несвесно... и ми ја враќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ада пушташе музика за играње и сама играше како да е во диско.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Борче не сакаше да чуе да ѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вака, кога сите сме си заедно, си се сакаме и не ни е толку важно колку сме сиромашни, дали немаме што да јадеме, дали ќе одиме во диско, или пак во парк.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш тоа го прават и Гордана и Сашка, ќерките на чичко ми, за да заработат некој динар, колку за во диско, или за цигари што ги пушат кришум од татко ми со друштвото од училиштето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)