во (предл.) - грмушка (имн.)

Сакам да го викнам во грмушкава за да не сум сам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да живеат во грмушките и секој момент може да истрчаат оттаму.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога забележувавме човек или нешто да личи на човек, веднаш се криевме во ендеците, во грмушките, во дупките под шините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го поминат мостот, да се префрлат на другата страна од езерото, да ја фатат планината, да се скријат во грмушките, во честарот... а авионите долетуваа од кај планината Бела Вода, правеа полукруг и во низок лет пукаа, фрлаа бомби, гранати, оган над рамницата, чад, викотници, лелекања...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но униформата и оружјето, а и горчината која одвреме-навреме ја сеќаваше во устата кога некое невидливо животинче ќе претнеше во грмушките, му кажуваа нешто што и самиот веќе го знаеше – времето во кое чекори е војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Го најдов светово човече во грмушка“ рече дивиот човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го наслушна шумот во грмушките отаден потокот, ја отвори устата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Приказна: печурки со црвени стреи, чаркови во пена, златогрли сеници во грмушка. Лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И по некој кос што ќе прпне во грмушките од меѓите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Комитите и нашите фатиле пусија во грмушките и зад карпите од двете страни и го пуштиле Куцовангелис со своите луѓе да влезе меѓу нив како во клешти. - Ние само ги стегнавме клештите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој ја извади порцијата со мед, но тогаш во грмушките паднаа дваесетина зрна, па тој ја врати порцијата назад во торбата и почнавме да бегаме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Седнавме покрај една капина и мислевме дека сме се скриле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Којзнае кои се и какви се овие чудни луѓе, којзнае што може да ни се случи ако нѐ откријат во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Продолживме пеш. На тоа место Вардар беше исто така див како и околината, брз и длабок.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, што можев. Бев немоќна да изреагирам така скриена во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, и да сакаме, веќе не можеме да се извлечеме без да нѐ забележат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние, клекнати и збиени една до друга во грмушките, одвај и дишевме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што ќе правиме? До кога вака ќе останеме скриени во грмушките? – шепна Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најстариот од нив имаше ставено некакво искршено тенџере на огнот и вареше нешто во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се чинеше дека си го слушам срцето како ми чука, не таму каде што му е место, туку некаде во грлото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Низ насипот не можевме да ги искачиме велосипедите, па решивме да ги оставиме во грмушките, и онака не се гледаа во тревата, а и немаше никого наоколу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мене татко ми и мајка ми ќе ме убијат што не сум вратена дома – додаде Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)