во (предл.) - гримаса (имн.)

Главата си ја зафрла наназад за да си ги покаже белките од очите; се ѕвери наоколу, устата ја раширила во гримаса; импулсивно ги крева рацете за да си ја измазни косата, ги пружа пред себе молепствено и самоодбранбено. или ги влече по вратот, како да се бори за здив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, Копола прави сјајна, преувеличена и крајно театрална изведба на конвенционалната женственост во разуздано издание – наводно рекла „ако такво нешто може да се нарече глума“.410 Со напупените, надуени, нацрвени усни (на кои во една секвенција става црвенило; види слика 24), со дебелите, темни веѓи, со кокоравите очи оцртани со црна маскара и со алиштата од шеесеттите, Копола можело да ја имитира и Марија Калас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секако на овој човек му се слоши - вџашено ги врти очите и бледилото на неговото лице се крши во гримасите на преплашено изненадување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)