во (предл.) - градежништво (имн.)

Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во осумдесеттите години интензивно работи на своите архитектонски проекти, пренесува многу свои идеи од ликовните уметности во градежништвото, а во средината на 80-те настанува неговата позната „Куќа Хундертвасер (Hundertvaser-Haus) во Виена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најмногу работевме во градежништвото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)