во (предл.) - големина (имн.)

Исклучително успешна промоција со помош на оваа техника имаше една од верзиите на филмот Кинг Конг, онаа кога горилата ја носи Џесика Ланг во својата дланка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со помош на трите најтиражни весници во Сан Франциско, на читателите им беа поделени 11,5 милиони 3D наочари, со едновремено известување кој ден и во кое време ќе биде проекцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во наведенето време сите заинтересирани имаа шанса да го видат новиот автомобил на Toyota, во големина која го покри целиот хоризонт на Сан Франциско, и тоа во три димензии!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според него било предвидено да се изврши пробив со две оперативни групи во големина на бригада предводена од воено и политичко раководство од највисоките форуми: со едната група во Централна, а со другата низ Источна Македонија, а една група да остане во реонот на Кожув и да дејствува во Тиквешијата и на десниот брег на реката Вардар јужно од Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Врз основа на тоа, се преувеличува придонесот на криминализацијата во големината на проблемот на наркоманијата, а со самото тоа и позитивното влијание на легализацијата. 73
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се смееја. Ме присилуваа да заборавам дека човековата сила е во големината на Неговиот дух.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се смееја. Ме присилуваа да заборавам дека човековата сила е во големина на неговиот дух.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Градејќи го сопствениот идентитет како непосредно визирање со сондата поетесата Олга Наумовска со изразот на лириката , суптилна, со нагласена естетска нишка гравира еден спектар на судбини, поетски пронаоѓања во срцето, во душата, во сопствената големина, но и во големината на другата имагинарната страна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Овде адресата до министерот беше со ситен женски ракопис, таму натписот, до извесна личност од кралскиот двор, беше впечатливо и решително испишан со дебели букви; единствено се совпаѓаа во големината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)