во (предл.) - гаража (имн.)

Поправениот „јагуар“ спремен за возење стои во гаражата неупотребен. Таму е од октомври.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(К) прашува: може ли лицето од гума толку многу да се истегне така да некое огледало може да го одслика во нормални размери? (Л) е филозоф: “-” се разликува од “-”. (Љ) го проучува семејното стебло. (М) не е заинтересиран за работа туку само за игра. (Н) се поттикнува себе и другите да работат повеќе, а не помалку. (Њ) ги уништува делата кои ги завршил. (О) го направи “Критичарот гледа”. (...) Термостатите се врзани за радијаторите, но без никакво дејство, вода до двете голи жици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој е некаде помеѓу хартиите кои не се уредени и кои се на различни места.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така секому му треба помалку време да го чека автобусот одошто да оди в гаража, да го запали автомобилот што ја ќе го запали ја не, да ја извади од гаража, да ги разнесува жената и децата и да не заборави гаражата пак да ја затвори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И така, светот си поминува покрај мене и моите униформирани собраќа во гаражата, главно млади гитаристи, сценаристи, актери, артисти... и пар мексикански емигранти.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мајсторот Ратко во гаражата држеше ситни делови за коли – свеќички, платини, четкички, лампи, осигурувачи, ремење и слично и нешто галантерија како спрејови за чистење, полир-пасти, мали пакувања бои за замачкување на разни гребнатини и други такви работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во сонот се виде себеси во гаражата на мајстор Ратко. Како во гаражата на мајстор Ратко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Човекот и е и не е во гаражата на мајстор Ратко зашто ѕидот зад човекот во убав костум е многу, многу поширок и повисок, како да е целиот со полици, но во тоа Едо не е сигурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Голема нервоза ти е тоа, братче. Да имаш кола во гаража, а да не знаеш да возиш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Извади кутија лорд, си зеде цигара, го покани Љупчо, а нас не нѐ покани. Љупчо веднаш му ја принесе запалката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дисциплинирани и јуначишта. Чуда ќе правиме...“ Џеронимо важно се изнакашла и пак не рече ништо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)