во (предл.) - војска (имн.)

- Морам да се вратам во војска.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со воената реформа ударна сила во војската станала тешко вооружената пешадија-македонската фаланга.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие биле подложени на поголемо даночно оптоварување, им било забрането учество во државниот апарат и во војската, носењето на оружје, капењето во јавните бањи (амами) во деновите кога тоа го правеле муслиманите, живеењето во исти маала со муслиманите, судството и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Спровел реформи во војската и во финансиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Роден е во семејство на ирски католици во Масачусетс, а неговиот татко бил офицер. 112 okno.mk Лири завршил факултет, кратко време бил во војска и започнал академска кариера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа, впрочем, беше и мислењето на татко ми.  Кога ја положивте матурата?  Матурата ја положив делумно пред војната, пред да се јавам во војска дванаесетата, а делумно по осумнаесетата.  Но, помеѓу основното училиште и првиот дел на матурата Вие...  Епа учев од учебници, коишто можевте да ги купите било каде.  Што работевте во тоа време?  Бев момче за сè, курир, чирак, секаде...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дали долго живеевте во Пасажот Шоазел? Осумнаесет години. Додека не стапив во војска. Тоа беше крајна сиромаштија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зошто така нагло го прекинавте школувањето за да заминете во војска?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Освен тоа, тој стоел и пред неизвесноста што да прави - да појде во војска или да појде во странство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Па, Диовец, како си ми? Во војска беше готвач, нели? - Помошник готвач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Шницли, шницли, штосови; си научил нешто во војска.  - Ова беше пржено, тоа нека биде печено. - Ама не препечено. - Ни подгорено. - Значи, на скара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си имаме свој готвач, тукашен селанец, обучен во војска, кој вари грав во казан а на празник врти јагне на ражен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Знам. Ќе ја поправам во војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова нешто, кажуваа Ристе Јанчески Газилајна и Тодор Велјаноски, таму, го чуле, во Бугарија, во војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Којзнае по кој пат го преразгледуваа веќе одамна утврдениот план за работите во полето, потребите за домаќинството, или се грижеа за отидените во војска и во затворите и, притајувајќи ги здивовите, чекаа да се огласи Кобникот од Бучало, или едноставно, Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во војска, или на далечни патувања, се испраќаат со седење пред разделбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога еден од американските војници во Ирак кои го уапсија Садам Хусеин се послужи со реплика од Тоска, истоимената јунакинка од операта на Џакомо Пучини, и рече E avanti a lui tremava tutta Baghdad (‘А пред него се тресеше сиот Багдад’), за него се мислеше дека ја прекршил политиката „Не прашувај, не кажувај“, според која на нехетеросексуалците им се забранува отворено да служат во војската на САД.393 Зошто?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Какво е значењето на тој гејски стил на изговореното?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Елтон Џон отиде дотаму што изјави дека ќе ни ја збрише ‘Ќе преживеам’ (I Will Survive) и од помнењето и од џубоксите и од парадите на гордоста“.133 Пред тоа, сфаќајќи дека меѓу поп-ѕвездите ја беа вивнале огромна маса геј-обожаватели, Гага заземаше сѐ поотворени и поексплицитни политички ставови во прилог на геј- и лезбејските права; во 2010 година држеше политички говори и си ги мобилизираше обожавателите за укинување на законот „Не прашувај, не кажувај“, законот со кој Конгресот им забрани на нехетеросексуалците отворено да служат во војската на САД.134 Овој политички ангажман кулминираше со нејзиниот нов сингл, „Ваква родена“, во кој се инсистира дека „Бог не греши“ и дека сите „животни хендикепи“ (меѓу кои Гага експлицитно ги става нестандардните сексуалности, и родови, прилично хомофобично, заедно со небелечките расни и етнички идентитети) затоа се природни и правилни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден мој пријател, кој беше во војска истите две години додека јас бев во морнарицата, ме снабди со деталите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Па нели војска бевме? Во војска не се прашува, туку се молчи и, молчејќи се извршуваат наредби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите се викаа „Срби”, но во нив имаше толку Срби, колку што во војската на цар Симеона имаше Бугари-Монголи; па ми се чини дека ги имаше и помалку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа, додека татко ти беше во војска – во морнарско костумче и бели хулахопки, веќе понежен на изглед, зошто почна да јадеш со сила.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И во војската коа врвам, сета војска ми стое, веле: "Цар Александар иде!# И персијскиот цар се замисли.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вој цар Александар си ја испи чешта, си ја кладе во џебот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Иди - рече - питај го пак. Оде там.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој беше само војник кој мораше да го почитува редот во војската.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа не остане така. Почна да размислува за одење во војска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сепак, си успеал во војска и нешто да научиш. - зајадливо заклучи Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше пресметано дека од неговото заминување во војска досега помина точно една година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Баба Надежда Баба Надежда се вљубила во Милош пред 60 години, го испратила во војска и долго се допишувала со него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со неговите песни се правеа, се прават и допрва ќе има свадби, крштевки, испраќања во војска, слави.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Чести за името, за светецот. А во војска, гости, колку да сакаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова го правеше поради тоа што не го примаа во војска.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Најзначајната за нив била секако што не биле принудени да одат во војска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можело да се замисли поголема привилегија да го спасат своето дете од најверојатна смрт кога воениот рок траел петнаесет години!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Тоа водникот во војската ли ти го кажа?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во четириесеттите години бев пет години во војска и потоа пет години студирав со стипендија за воени ветерани.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако во војска има такво разнообразие од млади луѓе што забавните и возбудувачките мигови се неизбежни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ти ветив дека ќе ја чувам Ана додека си во војска. Не ја чував. Ја дупев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Најдобри пријатели. Едниот отишол во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Ние од дома во војска не сме пуштени, - свика Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бугарите на повлекување собраа со нив во војска петшеснаесет души.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но во војска простор за здивнување тешко се наоѓа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче го грабна боздоганот, го бодна шарениот коњ, јурна во војската и... се разбуди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Изгледа тоа се случуваше набрзо по оние денови кога пропаднаа сите обиди на Ролан Јаковлевич и Василиј Јенков да ја добијат проклетата „бумашка“ која ќе им помогнеше да станат инструктори во војската на Кралството на Србите Хрватите и Словенците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој ќе сакаше на пример да заминам во војска...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да останам секогаш врз негов грб?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа не беше сериозно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе те средат тебе во војска. Ајде засвири нешто. МАТЕЈ: Не знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)