во (предл.) - виор (имн.)

Зашто делото на Дишан има свои корени во виорот на смешките на некохерентните уметности, во удирањата со лакти и во пукањето од смеа на Алманахот Вермот (L’Almanach Vermot).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но дали најден во виорот на егзилот откако ја минав­ме границата – која беше мојата татковина, сега вратен во родната земја, дали јас бев повикан да плаќам некаков долг по цена на силни страдања, дури и по цена на својот живот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едни зборови веднаш потонуваат на дното на сеќавањето, други зборови се препелкаат во виорите на стихијата, трети зборови се одмараат од преголема употреба.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Та можеби затоа безизлезно влета во виорот без да размислува за последиците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие се во виор што само привидно се стивнал, измамнички за да стане уште побрз вртејќи го орот на среќата и на несреќата на оние што ќе паднат под негова сила, тие се на боиште, на парченце земја за која почнала и се разгорела војната за која не се знае кому што му носи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)