во (предл.) - бункер (имн.)

- Авиони!!! - викна тој, повтори и го снема во бункерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знае да се гали, да лизне со целиот јазик, со што предизвикува општа смеа и, исплашен кога почнува да се пука, цимуоли, се втрчува во бункерот и легнува во ќошот покрај Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот влезе во бункерот и му нареди на Киро да премине во другиот бункер и да го преземе тешкиот митралез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во топлата ноќ, низ широката пушкарница, ветерот фрли грстови гласови во бункерот и го разбуди нишанџијата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со очи смрзнато вгледани во небото, баздиме под жешкото сонце ослободени од се... меѓу два фронта, на ридот, во ровот, во бункерот, пред цевката и штикот, пред ножот и камата е таа - слободата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ навираат спомените, а гласовите ги подзема ветерот и ги сее од ров во ров од бункер во бункер, од таму ги презема и ги префрлува над трапиштата, ги разлева по ридиштата, ги подига до врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Болничарката го внесе ранетиот во бункерот. Тој захрчи, од устата му истече локва крв и нависна на нејзините раце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се врати во бункерот и, вртејќи ја цевката лево и десно, пушти долг рафал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Топол и силен воздушен бран и парчиња од бомби удираат во бункерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму горе, во ровот... - зборува тој мачно и испрекинато и капе та капе под него крв - во бункерот, мене, кого го нарекоа херој, стравот, ужасот секогаш беа до мене,..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Во бункерите и земјанките! - нареди четниот командант.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поголемиот дел од филмот отиде во бункер и од тогаш почнавме да размислуваме за идејата за филмови со вообичаена должина, кои би можеле да се прикажуваат во нормалните кина. избор и превод: Игор Ангелков ] ВО СЛЕДНАТА МАРГИНА, ПОСЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ: okno.mk | Margina #15-16 [1995] 131 АТЕНТАТОТ ВРЗ ВОРХОЛ prepiska: Bruno Richard & Gary Panter Margina #15-16 [1995] | okno.mk 132 P.S. MAIL_ART okno.mk | Margina #15-16 [1995] 133 Во cледHata mapгиHa ЛиoTap ЛаmиeP Bиpилио Xoфctеter Бpajaн Инo 134 Margina #15-16 [1995] | okno.mk okno.mk | Margina #15-16 [1995] 135
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека го слушам Х.Х. во мислите трагам по поврзаноста на на­сил­ната атеизација на тројноконфесионалниот албански народ и верувањето во спасот од непријателите во претво­ра­њето на целата земја во бункер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во умот на Водачот проблесна генијот, целата земја ќе ја претвори во бункер со трудот на целиот народ кој ќе се брани самиот од непријателите!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Та затоа, Нумо, секогаш кога спиеме, дали по сонце или во темнина, под сенки букови или дабови, крај изворче или поточе, во ров ипи во бункер, на осојница или на припек, дење или ноќе, да сонуваме секогаш еден сон. Еден, ама заеднички...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Те знаев оној Коста што никогаш не се плашеше китката гранати да ја спушти во бункерот преку пушкарницата и кој прв стигнуваше до непријателските жици...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ме убива сево ова што го гледам тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така бевме воспитувани таму во ровот, во бункерот, на кратката почивка по долгиот ноќен марш, во влажната земјанка, во ровот и во бункерот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму е безбедно како во бункер и моќта да нишаните во некого е во вашите раце и очи. * Запис пронајден во вештачка насмевка
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)