во (предл.) - безистен (имн.)

На тоа ги притегна и една друга несреќа:на празникот на новата Месечева година, 823-та, ајдути ги обраа нивните магази во бизистенот во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вечерта, не слушајќи ги измислиците на измеќарот за многуте бељи и штеши што се случувале преку денот, Петре имаше само една мисла: зошто и тој мора да биде ова што е, а не еден од оние среќни луѓе во безистенот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гази-баба се погоди токму во безистенот кај мајстор Јосиф, кога ибн Бајко се турчеше во Јаја-пашината џамија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа се наоѓа во најголемиот пасаж, во безистенот на покриената чаршија на овој град, која го носи името „Едлер“ пасаж, и која е полна со дуќани, продавница, кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во безистенот веќе има продажба на петлици, па и јас сум со намера да почнам трговија со нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А тој сон излезе ваков: Бајко дојде во чаршијата, и куц-куц, ајак-ајак, влезе во дуќанот на папуџијата Јосиф во безистенот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш се најде во безистенот, среде чаршијата и сосем заборави на сѐ, зашто такво нешто дотогаш не беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)