во (предл.) - барака (имн.)

Поправо да пие пред крчмата или да шеретува со жените во бараката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зовреа чеканите во тунелите, чеканчињата во бараката, а веќе и фабричните камења затрескаа еден во друг да го сомелат племенитиот метал заради кој во оваа пустелија беше дошле европските лакомци и ја собрале сиромаштијата од разните краишта на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првите ја вадеа рудата од тунелите, а жените, и децата од дванаесет годишна возраст со чеканчиња ја чистеа во бараката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сè уште разговара со децата преку паното со сијалички, но со мене комуницира на нов дисплеј во барака што ја изнајмив таму, дисплеј подобар од оние што ги користеле во морнарицата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Според Фоте, бараките беа исти; со тоа што во попристојните простории кај влезот беа сместени професорите (а тогаш надгледниците) а во поголемите простории во средината студентите (тогаш затворениците), додека низ мрежестите стакла на прозорците немиени со години провираше по некој ќунк зинат за воздух; ако имаше ќумбе под него, тој можеше и да издишува нешто како топлина, кога веќе снагите на жителите во бараките беа исушени од внатрешно согорување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не само на местото, туку и во бараките на некогашниот логор, каде што биле сместени затворениците одлежувајќи ја својата казна со тоа што граделе летувалиште за своите стражари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тоа не во централниот павилјон на осудените злосторници, ами во барака за малолетници, нешто како предворје на пеколот, во кое се превоспитуваа тие млади луди глави повеќе со тупаници по темето одошто со копачи на рамо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во бараката седна на клупата зад грубата маса и се задлабочи во идејата како во базен со млака вода.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Влегоа во бараката оставајќи зад себе купчиња песок и кога Капучи ги праша што се случува покажаа со прст, истовремено и прецизно, како кабаретски тим.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нѐ сместија во бараки. На големците им дадоа броеви и по тие броеви редиците бараки ги нарекоа гратчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тука во бараки и во долги ѕидани магазини и коњушници, црневица од народ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место нѐ сместија нас, борците против англо-американскиот империјализам, борците за слобода и демократија сместени во бараки за јапонските заробеници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А потоа во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа... потоа, како и секој ден, се собиравме куп во бараките, во коњушниците и пак и пак си ја раскажувавме болката и во неутешливиот липтеж и плач баравме олеснување од чемерот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во бараките и во коњушниците за чемерните, разнебитените, размеѓените и испадените, на сламеник и рогозина има само по четири педи место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бевме сместени во бараки, некој вид касарни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука во Перењас, а веројатно за полесно да се изговара е запаметен како Прењес, сместен на крајот од оваа котлина, која гледана од горе, личи на огромен казан, пред шеесет години во бараките, коњушниците и магазините на напуштената некогашна италијанска воена база ги беа сместиле нашите, а јас Прењес го запаметив на поминување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помагам во бараките во кои се сместени децата доведени од домовите за сираци од Прага и Виена. Сега одам кај нив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стана. Ја стави својата рака на моето рамо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почнавме разговор, се прашавме од каде доаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав на една поодалечена клупа од нив, а кога, по некое време, Лина и другите две жени си заминаа во бараката, Ева ми пријде и праша дали може да седне до мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мене ме ставија во оваа барака за да им се најдам навечер на постарите жени ако им се слоши, а преку ден помагам во бараките во кои се сместени децата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој ден одев во бараката за трудници и тукушто породени мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со неколку други жени ги учиме помалите да читаат и да пишуваат, поголемите ги учиме основи на математика, земјопис и историја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнував на креветот до Ева и гледав во новиот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе фатеа силни горештини не се дишеше: гореше и небото и земјата; воздухот трепереше како да е потпален; невечер ќебињата ги натопувавме со вода, ги кисневме, за да можеме да заспиеме; во бараката не се влегуваше; леглата ги копавме в земја, во поладни места, како дивина и ги покривавме дење со гранки за да не се вжештат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ден кога Русинот дотрча радосно во бараката кај нас да ни каже дека царот руски паднал, дека има нова власт во Русија и дека ни е отворен патот за назад, Анастас веќе испушташе душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Идеше постојано кај нас во бараката кај што спиевме и ни расправаше, ни раскажуваше, за својот живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заиде, папсан, речиси влечкајќи ги по себе своите празни раце, своите долги раце, а тие во бараките сега изнаскокаа и се сместија по своите легла, некој дури почна и да крчи, како во сон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така надојдоа оние ноќи потоа. Во бараките тие ноќи никој не заспа. Месечината беше сосема сина, полегната во синикав, залебеден плашт над полето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше две сити раце. Стоеше сето тоа време на врвот над огромниот куп мермер, а во бараките сега никој чиниш не дишеше; немееја приковани до сите отвори, од каде што можеше да се гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И дојдоа, во најмагливата ноќ во декември, со сопствени возила колку што вкупно во населба немаше, а мајка ѝ ќе пукнеше од мака што соседите не можат да видат колку бакшиши ѝ донесоа на „нечесницата што се дала пред брак“ и колку букети влегоа во бараката и, замисли, по два, еден за свршеницата, а еден за „госпоѓата “мајка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Секој си ја тера својата работа како што знае,” рече Андон намигнувајќи ѝ на Лилица, додека Авни и Азра влегуваа во комбето за да стигнат навреме во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник каде Ема Ендековска имаше закажано средба посветена на ажурирањето на списокот на активистите во борбата за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во канцеларијата на директорот Цвета се однесуваше слободно како во својата мала соба во бараката во која беше сместено бифето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Враќајќи се во бараката долго ги чувствуваше тие прсти и тие нежни допири на своето лице.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вошката предизвика страшна болка и срам во мене, особено што уште од почетокот на моето вселување во бараката, таа се шетала по мојата снага и ми ја цицала и онака скромната крв, неа не ја поврзав со бараката, со сламарникот на бај Шишко, туку веднаш знаев дека е закандисана од косиштата што ги слупуше Нанчо а после јас спиев на тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја напади мислата од својата глава со друга мисла Зар малкумина од луѓето личат еден на друг? и продолжи да си работи слушајќи како и внатре, во бараката, се работи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Деновите поминати во бараката на бај Наси, односно како што сите го викаа, Бај Шишко, во тие тешки месеци, ми беа најсреќните денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И уште потврдувам дека јас сѐ уште сум бил во бараката на бај Шишко и дека слободното време сум го користел за совладување на материјалот од петтиот клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Правот што го дигнаа камионите полека паѓа, а во бараките долго се слуша плачење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ја гаси цигарата, се навалува и погледот го заковува во подгниената таванска греда.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо влезе во бараката каде што спиеше Пандо. Полека помина меѓу заспаните луѓе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А потоа, во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога Нумо се најде во близината на првите коњушници, лелеците веќе се пренесоа од џадето во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо се тргнува од џадето и, во бозјакот што густо расте во ендекот и вслушан во завивањето на последниот кемион што тешко ја фаќа кривината угоре, погледнува ту во ѕвезденото небо, ту во угорнината што ја пресечуваат долгите светла на капионите, ту долу, во бараките и коњушниците, во кои блеснува притулена светлина од свеќа и кандила.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во бараките и во коњушниците за чемерните, разнебитените, размеѓените и испадените, на сламеник и рогозина има само по четири педи место.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Доаѓа некаде од далеку, осакатена, кркорлива, некако скршена од планинските врвови и долови, од ветриштата и виулидите; во неа има нешто кобно, зашто, откако замолкнува звучникот, во бараките и коњушниците почнуваат намнисувања, плачења редења: Твојте лисје, горо сестро, Пак ќе ти се вратат... допира гласот на падавичарите и веднаш носи со себе тага и болка за загубеното.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
7 ПРЕВАЛИ БУРАТА отаде планините и ние се вративме во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога влезе во бараката, беше посмирен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ти, како ти е, името, бре, што по цели денови клинкаш де ваму, де таму, место да седиш во бараката како што седат сите падавичари, и ти како овој, муабетиш со војникот и кој знае дали не му го матиш умот! А?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Спиевме во бараки. Од обете страни рамно заковани штици. На два ката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Држејќи се за мевот, вјасаница потскокнува и го снемува во бараката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Да. Време е. Пред половина час ме разбудија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Штама во бараката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, стигнавме тука... Не сместија во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука застанува… А во бараките, оставени на рогозина, на сламеник, плачат доенчиња, офкаат и стенкаат разнеможените чиј век е на битисување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во бараките се палат светла и се појавуваат глави на прозорците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегов во бараката и слушам замалено плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само за спиење си одиме во бараките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тешко ранетите ги сместуваат во бараките, а потоа на стол.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Отвори очи. Во бараката беше темно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)