во (предл.) - акција (имн.)

Правилата самите по себе се дистинкции во акција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Толку тешко може некој себеси да се фати „на дело”, што ќе бев во искушение да признаам дека воопшто постојат овие, во суштина неелементи на искуството, да не бев понекогаш во ситуација случајно да ги забележам во акција кај другите, а тие да не ми ги пријавиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сѐ повеќе поминуваат во акција...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гласовите навистина се точни, зашто пред куќата изутрина нашол вакво писмо: „Ако и натаму продолжиш со затворање и мачење на чесните луѓе од селово, и ние ќе стапиме во акција...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со Влатко се враќавме накај дома. Молчевме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Неславно се чувствувавме, зашто немавме можност да учествуваме во акцијата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веќе се беше сосем стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Отсекогаш посакував МОСКВИЧ“ рече Ташко, „ама толку ми била среќата!“ Сѐ беше пак тивко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дејко повтор тргна во акција.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А ти земи си еден од „фиќовците“, малечки се и скротени“ реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толе го ислуша внимателно Мирчета, но бидејќи не ги познаваше ни бравите ни овчарите, му предложи самиот Мирче да учествува во акцијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, Џони беше ситно дилерче на трава што работеше за маалските џандари, но во случајов беше само ебана жртва во акцијата на полицијата. Колатерална штета, јеби га.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој веднаш преминал во акција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Непосредно по примањето на таа информација, СОЕ веднаш се вклучила во акција да го воспостави и одржи контактот со силите кои давале отпор во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во оваа точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа оттогаш тој често, и скришум од другите големци во гратчето, ѝ помагаше на протиница во акциите што таа ги преземаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 80/93. 54 Закони за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ – 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 53 59 Се воведе дополнителна обврска за обврзникот за плаќање придонес за пензиско и инвалидско осигурување, да поднесе пријава за осигурување за следните категории лица: самостојни уметници, професионални спортисти кои имаат склучено договор за вработување со професионален спортски клуб, учениците и студентите кога вршат практична работа за време на школувањето, односно студирањето, лицата на издржување казна затвор, малолетнички затвор и на издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја вршат во текот на издржувањето на казната, односно мерката, здравствените работници со високо образование кои стекнуваат работно искуство за полагање на стручен испит, невработените лица за време на стручно оспособување и професионална рехабилитација, како и лицата со инвалидност и телесно оштетување кај кои повредата настанала со учество во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи, на работно ангажирање на корисници на социјална помош, на обука по покана на органите на одбраната, во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност, на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други институции, на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други институции, во волонтерска активност согласно со закон, на спортист аматер согласно со закон и на професионален спортист кој има склучено професионален договор со професионален спортски клуб. (чл. 8 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сите атентатори, освен Шатев, се посочени како сведоци што го признаваат, покрај своето дело, и делото на својот соучесник во акцијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега заговорниците веќе имале минимални услови да минат конкретно во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Може да се претпостави дека, ако не биле очекуваните пушки преку Солун, помошта немало да биде условена и гемиџиите ќе можат да стапат во акција кога ќе сметаат за потребно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчкиот конзул сметал дека атентаторите, од некакви причини, во акција стапиле предвреме, што имало за последица нивните планови да се осуетат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Впрочем, тоа било време кога гемиџиите само што минале во акција, а ЦК уште и не знаел за нивните планови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Штом гемиџиите биле готови, веднаш пред нив се поставило прашањето - кога да стапат во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие, коишто како кртови со нокти ја копале земјата во тунелот, тие, чијашто волја за ослободувањето на Македонија била безгранична, коишто одвај дочекале да се жртвуваат за неа, сега, кога по толку напори сè било готово да тргнат во акција, немало сила што би можела да ги спречи да ги извршат атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, секој момент тие биле готови да стапат во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пред дефинитивно да ги поделат задачите и да тргнат во акција, Орце, Шатев и Манџуков ја разгледале ситуацијата во Турција, во револуционерното движење и во емигрантската организација и дошле до следниве сознанија формулирани од Орце.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Цветко Трајков немал стрпливост да го чека крајот па потоа да стапи во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сме му сите познати и затоа нашата ролја во акцијава ќе се сведе да Ве помогнеме и да Ве заштитиме, се разбира ако стане нужда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Другарите успеале во акцијата и само што не се вратиле...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој го следи идниот дијалог меѓу Младичот и Фезлиев затскриен зад неа и невидлив за нив, но сето време со револверот в рака и готов да стапи во акција.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе се оправдаш себеси зошто не си во акцијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Според Саркањац, со забрзувањето на општеството, особено со зголемувањето на идиосинкратичноста на читањето на идеологијата од страна на субјективитетот, сѐ помали се шансите на идеологијата да го пронајде „идеопластичниот“ поединец, нејзината делотворност се намалува, и таа сѐ повеќе се доближува до царството на „чистата идеологија“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во шестата глава, авторот сака да го испита проблемот на претворањето на идеолошкото знаење во акција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сотир Паскали веднаш стапи во акција, со нив ја координира програмата за престојот на Камилски во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, во вистинските моменти, на работното место, а јас тоа кај неа го гледав како еден вид професионална деформација насочена кон докажување на својата подготвеност секогаш да биде во акција како полицајка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Често тоа го правеше со својот мерцедес и Ниротакис Алимакопулос, во соработка со Ема, Илона и Лилица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Единствено не бев вклучен во акцијата “Елитен секс” бидејќи до Охрид, на јахтата “Зора”, на Големото Езеро, избраните жени беа превезувани со по неколку елитни возила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бев убедена дека замката ми ја наместил Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се вклучив во акцијата што ја организираше Шефот и згрешив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На 23 години исчезнал во акција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таа улица, во една куќа, се забарикадираа анархисти: во акцијата мораше да стапи и војската, бидејќи полицијата беше беспомошна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Прилеп учесниците во акцијата „Младите за здрава природна средина“ на локалитетите Песјобрци и Алинци засадија садници црн бор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Планирано е да учествуваат во пошумувањето на голините во акцијата на Шумското стопанство „Демир Капија“, како и на одржување на излетничко место „Дошница“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба само да се стапи во акција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тотално реалистичен пејсаж: Вардариште, купишта смет, будложери во акција, се во сиви тонови, а над таа апокалипса се извишуваат нови солитери... Дисхармонија во просторот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во акциите за пошумување секогаш настапуваме заеднички: Шумското стопанство „Осогово“, јавното комунално претпријатие „Водовод“, Водостопанското претпријатие „Брегалница“, ученици - млади екологисти од основните и средните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од комплексот „Еврохотел“ од Калишта учесниците во акцијата ги чистеа терените и засадија 7 000 садници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На состаноците одржани во Кукуш согледале дека пропаѓањето на Дојранското Езеро претставува болка за двете соседни земји и затоа треба заеднички да се стапи во акција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оние две слики баба ми ги добила од некој новинар, кој специјално се искачил да ги снима ученичките во акција - пошумување на голините на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Меѓутоа, Британците биле сосема свесни дека на балканските држави, освен моралната поддршка, не можеле да им ветат воена или друга материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инфорамцијата на Донован како и информациите од британските разузнавачки служби, само го увериле британскиот политички естаблишмент дека било потребно што поскоро да стапат во акција и да изнајдат начин да ги убедат балканските држави да ги "заборават" своите територијални и национални поделби и да пристапат кон организирање на еден заеднички балкански блок за да можат да се спротивстават на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Утревечер, во 20 часот и триесет минути, ќе тргнат во акција за пробивање на непријателскиот обрач, тука, во Гинова, кота 1435 и по пробивот, без никаква задршка, трчаница и само трчаница во насока Калевишта - Ревани - Шак - Ново Село – Крчишта - Лабаница - Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)