во (предл.) - автомобил (имн.)

Цеце останува да лежи неподвижен на земјата додека младичот и Мими и понатаму стојат вчудовидени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста и Тики влегуваат во автомобилот и заминуваат. 28.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тејлор подоцна ми кажа дека скокнал на него само заради тоа што јас сум изгледал премногу глупаво со онаа шапка, па некако му било жал...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отидовме да го гледаме Glamour, Glitter and Gold во Бастиано студиото во Вилиџ, а после тоа отидовме во Салвејшн на Шеридан Сквер. 128 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Погледнавме низ прозорецот и го видовме како влегува во автомобил и заминува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отпрвин само некои, оние помалку важните, за наскоро да почне да кружи во автомобил со офицерите на тајната служба низ улиците на Сантиаго во лов на илегалните соработници на чилеанската левица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Журката заврши, а после 7-8 коњака Трпе веќе се најде во автомобилот на Ратка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека се сместуваа меѓу торбите и го палеа старото количе, Богевци забележаа како Фотевци се нагодуваат пред да влезат во автомобилот: Маре беше за тоа подарокот да го стават во багажникот, а Фоте на седиштата; најпосле, разбирливо наваса генералот, па Маре неубедена мораше со подарокот в скут да влезе во колата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Перо обично така се зацрбалуваше во автомобилот секогаш кога претстоеше подолго возење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пријатна свежина влегува низ отворените прозорци и во автомобилот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Стоеше таму можеби една цела минута гледајќи во својата сенка, и потоа се врати во автомобилот и возејќи отиде право дома да ја земе Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Движење за Даниел секогаш значеше да влезе во автомобил и да стапне на акцелераторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- А сега каде? праша Петко. - Јас ќе спијам во автомобилот, рече Пенчо; посрамено гледаше во своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнаа во автомобилот и молчеа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Директор, па пеш!“ Се пошегував и го качив во автомобил.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А ти, во рикверц ќе бегаш, исто како сега, додуша во автомобил.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како по правило, таман кога ќе си ги натнам штиклите, а ученичките нестрпливо стискаат на свирката во автомобил, се буди „геријатријата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Хирургот во автомобил доцна вечерта на студентот: „Ни претстои уште една одвратна работа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веднаш се рашири информацијата дека во автомобилот бил грчкиот конзул, од Солун директно дојден на многу итен и важен состанок за балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Младиот господин си замина. Дамите ја земаа надокнадата со очигледно олеснување, шоферот се врати во автомобилот и продолжи понатаму со огромна брзина, а неколку појаки мажи од улицата го враќаа коњот и чезата во нормална позиција живо разговарајќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Живееле во големи велелепни куќи со по триесет слуги, се возеле наоколу во автомобили и во запреги со четири коњи, пиеле шампањско, носеле цилиндри...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откога се поздравија редум со мене, главните луѓе си влегоа во автомобилите и заминаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На враќање дома, сама во автомобилот, почнав да плачам и да викам: „Не, не сакам, не можам….
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Влеговме во автомобилот, возев брзо колку што можев, по патот постојано те прашував: „Се држиш ли? Како си?“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На одење ја затворивме вратата, влеговме во автомобилот, се свртев со тажен поглед.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сѐ што треба денес да се стори за да се влезе во кралството на уметноста, е да се влезе во автомобил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- бркајќи го злосторникот, гл. јунак задолжително влегува а) ако е во автомобил – во поприлично нерамна улица – следува минимално пет минутно скокање по сообраќајниците и тротоарите, при што „добриот“ избегнува да згази беспомошна старица или деца, а „лошиот“ тоа го прави, б) ако е пешки – во парада со мажоретки или улични музичари – при што „добриот“ избегнува да повреди некој од недолжните, бројни присутни, а „лошиот“ тоа го прави; - сите телефони почнуваат со 515...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, цртаниот Херкул (неочекувано) ми одржа лекција од митологијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во автомобилот без покрив дождот врнеше на него и на петте млади жени, кои толку се тискаа што не можеа ни да се помрднат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Всушност, во автомобилот немаше никого.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ти се возиш во автомобил“, му велам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакам да го охрабрам. Сакам да му ги искорнам од главата црните мисли.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Остави го тоа, да извиниш госпоѓо, за друг пат, само ќе ти речам пред да се разделиме засекогаш, дека јас не одам на гости во автомобилот на маж ти, мора човек да се држи до редот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се препотив веќе не знам по кој пат, кога на вратата слушнав чукање проследено со продорниот шепот на тетка ми: - Васил, добро си, злато?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влеговме во автомобилот и откако по една турканица ми беше заповедано да седнам напред и никако на ниедно друго место, тргнавме накај мојата фамозна, "смрдлива" тетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја собира и во автомобил кога на празници бараме прикладни места за земуници.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
В недела тато ја зема со себе во автомобилот и ја шета низ градот и околината, за да ѝ биде убаво и весело.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Чичко Славко, запознат веќе со губењето на дедо ми, го качил во автомобилот и го вратил дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас кафеанава би ја претворил во „кафе-театар“, - му рече сосем сериозно Саше на чичко ми кога влеговме во автомобилот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние двете ги почекавме во автомобилот, додека да купат пиење и јадење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа беше краток секс, во автомобил на ридот и тоа близу до еден манастир.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пријатна свежина влегува низ отворените прозорци и во автомобилот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)