во (предл.) - онаа (зам.)

Лицето кое пристапува кон тужбата, односно на кое се проширува тужбата, мора да ја прими парницата во онаа состојба во која таа се наоѓа кога тоа стапува во неа (чл. 186, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мари-Франсоаз Ален, книжевен критичар (Le Monde diplomatique, juin 1997) Во модерната сказна Времето на козите што воодушевува, авторот успева да ја резимира историјата на едно семејство, во исто време и онаа на балканскиот свет, за да заврши во онаа на сталинистичкиот период.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа право е недискутабилно за професорот, како што е недискутабилно и за неговите студенти, односно за сите други, само во онаа мера во која за целото општество вреди како саморазбирливо дека осознавањето, човечкото знаење, дури културата како таква, е нешто по својата природа достапно само до елитите, значи нешто што во есенцијална смисла е одвоено не само од општеството туку во крајна линија и од политиката. 40 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во услови во коишто конкретната содржина на десната екстремистичка политика од поодамна е дел од владеачката идеологија како и на институционализираната, значи државна, политика, постоењето на нешто „уште поекстремно“, „уште подесно“, служи само за легитимирањето на државната десничарска политика како умерено центрумашење, за нејзиното полагодно сместување во онаа пренатрупана сива зона во средиштето на политичкиот спектар.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За денешниот хрватски интелектуалец да стигне до рангот на народен мудрец, национален интелектуален месија не му е потребно ништо друго освен претходно да не се ни обидел да стане граѓанин, во онаа апстрактна еднаквост со сите граѓани на државата, без оглед на професијата и формалното образование.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но Славчо немаше каде. Се врати повторно да живее во онаа негова куќарка зафрлена во трапиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уметноста и религијата - дури религијата во онаа гностичко- еретичка смисла - помеѓу 1520 и 1660 сѐ уште не биле раздвоени.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во историјата на американската музика, експерименталниот стил е првиот автономен музички правец кој немаше за пример некој од идеалите на класичната или поновата западноевропска уметност, ниту пак, наспроти тоа, беше израз на етничката или националната еманципација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговата фигурална скулптура сугерира дека настојувал дури и да создаде сурогати на човечки тела од репроматеријалите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но ниедно тело никогаш потполно не ги задоволувало очекувањата: никогаш не можел да се почувствува доволно топло во било каква кожа, а посебно не во онаа која му ја подарила природата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Експерименталната музика не беше ниту школа - во онаа смисла во која тоа беше европската авангарда во Дармштад - таа претставуваше единствена духовна атмосфера, креативна ситуација погодна за заедничка работа John Cage на различни творечки индивидуалности во која никој не беше предводник или идеен водач, иако Кејџ (најстар помеѓу нив) од самиот почеток се истакнуваше со ширината на погледот и разнообразноста на аспектите присутни во неговата работа и мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така што уметнички воведувал “здрав хаос, здрава безобличност” - дали потопувајќи се во такви материјали како што се медот и земјата, или преку акциите и флуксус деловите кои неговата психа и тело ги ставаа во течност, во елементарен процес - Бојс се вратил не само на состојбата на сонот и фантазиите од детството туку и на топлиот, безобличен, формативен период на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човек ќе си завитка некое помнење во главата а потоа живее и верува дека завитканото е во онаа состојба во која го оставил во килерот на сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали токму ваквите збунувачки размисли што не знам од каде наидоа утринава, ја спречија твојата насмевка да се појави на моето лице?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа се случи и синоќа…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина ќе треба да ја посетам, и тоа само уште еднаш, за да утврдам дали до крај ја имам исцрпено од себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или пак имаше намера да ми ја наметнеш дилемата каде да ја барам вистината: во твојот изминат живот, или во онаа неочекувана тажаленка во врска со планинските беспаќа, понудувајќи ми ја токму во еден таков необичен вид прекрасната можност но и одговорност самиот да избирам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога доаѓаш во туѓа куќа спиеш и јадеш во онаа одаја што ќе ти ја покаже домаќинот“, рече некој трет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Клара и јас го научивме доктор Гете да плете.“ „И тој плете?“ „Понекогаш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, откако беше сместена во таа соба пред неколку месеци, не проговори ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа го однесов во работните простории – во онаа во која се правеа предмети од дрво, па во кројачницата, во ткаилницата, и во собата во која везевме и плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во онаа истата во која некогаш мина години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа што тој не е во состојба да Ви биде сопруг, во онаа смисла во која Вие би сакале...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се будеше со вресок, испотен, со коленици што потреперуваат, мајсторите крај него си спиеја во онаа изгубена и за него веќе недостижна топлина на мирните постели и тој дури по подоста време, исправен на своето, легло, неприемчиво и змиско, немаше од кого друг ни да го крие освен од себе тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можеше да се прибере во онаа своја колната притаеност за ништо на светот, не сакаше да се скамни пак во таа подлипната замолченост, бидејќи тоа сега би значело уште едно умирање во тој ужасен студ и во таа сивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сега се веќе во онаа доба кога силата од ден на ден ги напушта, кожата им ожебавува, пука, се лупи; им стрчат оголените гранчиња ко суви ковчиња, чкртаат на ветерот грозно, морничаво.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа ’ржена постела, потоа плачеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ни сам не знам како стасав на проклетиот Пигал, во онаа кобна улица во која на секој десет чекори млади девојки ви предлагаат љубов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така, и не насетувајќи, влегуваше во онаа состојба што ја претставува првата фаза од умирањето, кога човек започнува со поголем интерес да ја гледа сенката што ја фрлаат предметите, отколку самите предмети.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеше на туѓинецот- градител што умре и на сиромасите што ќе ја јадат неговата печалба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, тој ги победи мувите. По смртта на ѕвонарот, домот повторно потона во онаа позната глувост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во онаа мера во која сѐ уште се одвива, научното истражување се занимава само со овие прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја кревам главата и гледам, фотографијата на Борко ме пресретна врамена во онаа рамка што ја најдов во оставата на Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како да ќе проникне во онаа измислица што сакам да му ја кажам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По настаните, откога бил пуштен, Симон се сместил, како и другите долненчани, во онаа населба до Б., веќе сосема затворен во себе, молчалив и сив, и уште посвиткан отколку во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За тоа зборував и со Методија од Стрелеско, но и со луѓе од Долнец кои сега живееја во онаа населба до градот Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас сѐ уште бев во онаа стварност што личи на сон заради потребата на телото и заради потребата на умот да се заштедат силите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Не се сеќавам дали појадував. Наутро, во онаа непресметлива забрзаност често го отворам фрижидерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го сошивме Цацко, но во онаа возбуда го промашивме – конецот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Токму тука, она што порано претставувало компромис за Бредбери се претвора во негова специфика -- така доаѓа до неочекуваниот пресврт: Бредбери едноставно одбива да созрее во онаа смисла во која тоа се случило со неговите колеги- врсници.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За композиторот на музика на удиралки секој звук е прифатлив; тој го истражува „немузичкото“ поле на звукот кое академиите го забрануваат и тоа во онаа мера во која е тоа можно да се направи мануелно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А еве зошто се смеев: прво, затоа што воопшто се шминка; второ, затоа што си стави неколку килограми пудра на лицето; и трето, затоа што веруваше во онаа глупост за седум години несреќа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дали во онаа ноќ, минатата година, со едни исто силни дождови, тој, Господ, им ја покажа оваа мутла на градот како најбезбедно местенце?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја пречека Мурџо скокајќи околу неа како во онаа година кога Пеличка сѐ уште беше во нејзиниот стомак, беше желен да биде помилуван по главата како знак дека таа ја нема изгубено довербата во него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Танаско нејзин ја сврте водата во онаа бразда во која што не требаше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)