во (предл.) - вас (зам.)

Жив е премногу во вас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прокази! Ниту коб, ниту прослутие не ви помагаат, не верувам јас во вас?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Убиен ли е идеалот во вас? Одговорете ми каде е вашиот идеал?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, штом ќе го напуштите југословенскиот павилјон, иако во вас останува онаа широчина, тишина и одмор, овие пејсажи, неколкуте графикони, уметничките фотографии, неколкуте машини и уште нешто друго за нашиот туризам, и восхитот од чудесно убавото и оригинално архитектонско решение на павилјонот, веднаш чувствувате извесна празнина, ви се чини дека нешто недостига.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лекарот треба да покаже дека е свесен за омразата во вас, но дека ја разбира и дека таа не го навредува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се чувствував стварна единствено заради реакцијата што во вас ја предизвикував.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Впрочем, јасно ви е тоа ... Ние имаме доверба во вас ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете зошто, почитуван колега, верувам во вас и во вашата потрага по исчезнатите судски записи од отоманското време на овој дел од Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Тоа го говори христијанското во вас, другар Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Пак ли тоа говори во Вас декадентниот Фројд?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Тоа зборува ревизионизмот во вас! – ме прекина мигум А.А., гледајќи вознемирено кон Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Демонот, духот зол во вас влезен е: зарем со оган ќе го уништите Синот Божји? Зарем верата не си ја знаете?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можете да изберете вашиот Бог да биде паметен, забавен, сочувствителен, сладок или глупав. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 48
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен тоа, вие сте деца на 60-тите и на 90-тите. Во вас е всадено да сакате мирољубив, толерантен, забавен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се распрснете од одвратниот двоен морал кој е збутан во вас ко осми патник и ќе експлодирате ко монтипајтоновскиот дебелко!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но вистинскиот надреализам, okno.mk 105 изворното нешто што беше креирано од генијалните визионери, прави продор во несвесното, може да допре под кожата и посегнува по одредени недофатливи работи длабоко во вас и ве прави да почувствувате необични, несекојдневни, екстраординарни емоции”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во вас е влезен ѓаволот луѓе, велеше, тука ви е тој постојано: и кога не го сакаш и кога не го очекуваш, тој ти иде; и кога бегаш, тој со тебе трча: сенка ви е; во сè се преправа и во сè се престорува; што и да чиниш, што и да правиш, тој тука ти е: те демне и гледа кај да ти се вовре; и кога спиеш, и насон - тој тука ти е...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како се задена во вас црната, црна мене да ме остави!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Злото е во вас самите, затоа бидете силни и не дозволувајте да излезе. Така ни туѓото не може да влезе. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Собрав сили и искрено, како што чувствував во тие мигови му одговорив: - Има книги, почитуван Претседателе, кои се пластат во вас со години, се пишуваат во вас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пријатели мои, покерот не се учи! Тој е во вас. Страст човечка!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Сѐ повеќе нечистиот започнува да владее со вас, луѓе... Многу пороци и неприлежности се натрупале во вас: злоба, блуд, похота, кражби, лакомија, грев, дволичност, лаги, клевети, лицемерие, хулење, омрази, алчност, прељуби и друга нечистотија...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нека ја земе сега алах мојата душа. – He дека има душа во вас та да ја земе Алах и господ!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Само за вас, драги гледачи - и вашата весела насмевка, и вашиот купен билет, и вашиот мерак по возбуда, и вашите гладни сетила, и вашата домашна колекција, и вашата потреба за туѓа акција, и вечното дете во вас!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Има нешто во вас што им се допаѓа на жените. Некоја таинственост.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„Знаев дека во вас Фиромјаните има нешто грчко!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Докторе, имам доверба во вас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Јас повеќе би сакал, докторе, да објасните кој пукаше во вас.“ Не му одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Мене многу во вас да не ме мешате, - рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Вие се препознавте во мене или јас во вас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ви пишував, ви ја допишував, почитувана моја Елен Лејбовиц, книгата Атеистички музеј, зашто во вас открив не само голем и незаменлив читател, туку и нешто многу блиско во вашата голема моќ да ме разберете, да ми се придружите во меандрите на страдањето во едно минато што оставило траги во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А за мене претставува вистинско задоволство да ви испратам одовде некои миризби и вкусови кои, се надевам, ќе оживеат во вас убави спомени.* Ваша особено срдечно Елен Лејбовиц *Прилог: картичка со слика на поле лаванди на која пишува: СЛИКИ&СВЕТЛИНИ Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јimаginе que cette rgiоn, о vous avez pu entreprendre la rdасtiоn de votre livre, doit vous rappeler de bons souvenirs. Or, il se trouve que јhаbitе, plusieurs mois par an, dans les environs de Frјuѕ, la campagne, et donc pas trѕ loin dАrlеѕ. Et сеѕt un rеl plaisir pour moi de vous envoyer, diсi, certaines odeurs et saveurs саrасtriѕtiquеѕ qui, je lеѕрrе, ranimeront pour vous ces bons souvenirs.* Bien cordialement vous. Hlnе Lejbowicz *IMAGES LUMIERES Provence. Tous les chemins mnеnt en Provence. Mais en cette рriоdе de lаnnе la lavande n'est pas tout fait fleurie. En еѕрrаnt que tout arrivera bon port!!! H.L. VII Има книги кои никогаш не завршуваат само во вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, околината на Арл е дел од земјата на Козата на господинот Сеген и тагата што се доживува во детството од читањето на овој расказ никогаш целосно не се брише во вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овие два облика на дистанца, темпорална и просторна, нема сомнение, за вас биле неорходни и особено провансалскиот шарм и атмосфера каде што ќе присоберете сили и храброст за да сведочите за вашата неколкудневна аскеза, која продолжи во вас отаде збиднувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Разбирам дека ова може во вас да предизвика немир.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа пејте само, звона на небо ќе звонат, пејте и кога глас во Вас нема, оваа прекрасна мисла, нека ве следи верно,за Ангелот кој со глас среќа создаваше, чувајте го во Вас, макар во Сонот. (на Тоше)
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нејзе ѝ велат, „Вашето дете е внатре во вас”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)