во (предл.) - осми (бр.)

Мошне рано ги читав Жид, Ниче, Валери, во осми или седми клас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој на големо ја фалеше состојбата на вљубеност во Земските храни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По кусо време двајцата другари успеаја дури и да најдат девојки – две Србинки – Мица и Радица – ученички во осмо одделение со кои подзастануваа кога ќе се сретнеа некаде в село, си праќаа писмени пораки
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше можност да баци девојка уште кога беше во осмо одделение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште повеќе што Оливера е трудна, во осми месец влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште во осмиот век, зборот ронини, буквално преведен како „луѓе што брануваат”, употребуван е во Јапонија за да ги означи луѓето кои го напуштиле својот предодреден, цементиран, кастински статус во животот; самурај што ја напуштил службата на своите феудални господари за да стане слободен. 100 Margina #21 [1995] | okno.mk Западот има многу историски паралели со архетипот на ронин.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Терминот free lance*** (слободен стрелец) го влече своето потекло од периодот по крстоносните војни кога голем број витези ги напуштале своите господари.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Макс Ернст некаде околу 1950 год., зборувајќи во Арт клубот во осмата улица во Њујорк, рече дека значајни промени во уметноста некогаш се случуваа секои 300 години, додека сега се случуваат секои десет минути.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И тоа траеше сè додека во класот, во осмо одделение, не дојде Лорета, чии родители се доселија од некој град.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Им се удоволи и продолжија заедно и во шесто, и во седмо, и во осмо одделение.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во првите седум акции што беа успешно изведени Раде не беше допрен ни со едно зрно, но во осмата и деветта спечели дури четири рани со кои, заедно со претходните четири, спечелени во комитлакот, опасно ѝ се приближи на десетата, што гатачката веќе му ја имаше проречено како последна и кобна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)