в (предл.) - уста (имн.)

Без да размислувам дека со земањето давам време да останам во дуќанот, го позедов пивото, но капка не ставив в уста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Грвалев коска од сливата в уста и гледав во машината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ма, што ти стана побогу, од каде тој силен напад на кашлица, кога речиси ништо немаше ставено в уста, а и како ќе имаш кога се наоѓаме в музеј?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Содржината од едната епрувета веднаш ја истурив во веќе измешаната и приготвена International Postal Art Soup, додека содржината од другата епрувета си ја истурив себеси в уста, а потоа со помош на системот уста на уста содржината му ја предадов на Lazer, од што овој „воскресна”, застана на масата, а потоа го истури црвеното вино врз масата цитирајќи познат дел од библијата: Јадете, ова е моето тело, пијте, ова е мојата крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
КАТА: (истрчува.) Бате!... Добре ни дојде!... (Се загрлуваат и се бацуваат в уста.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој го чувствуваше тоа и одеше полека со високо дигнати раменици и цигари в уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До пред влезот во Европа, ние бевме со прстот в уста. Голема сиромаштија. Сега примаме и гости, значи туристи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му ја подигнуваше главата и му налеваше в уста блуткав топол чај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А меѓутоа треба да се каже и вистината - два дена не клал ништо в уста и поради тоа звучно му се преметкуваат цревата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им го пикаше шишето на луѓето в уста и им велеше: „Одрицаетсја од пиење, раби божји?“ Тие одговораа: „Не одрицаетсја!“ и го креваа шишето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Надвор времето гризе со подноктичав студ; ветерот ја кубе сламата од отворените вагони и ја пика в очи, в уста; тие што можат да одат, брзаат што побргу да се пикнат во станичната просторија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ко мивка, ко струшка да имам в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не знам што прави ноќе, ама сега видов дека само кога јаде, не држи цигара в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
В уста вода ќе ви носев, си мислам. 170
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му кинеле меса и му клавале в уста: „На, јади, отруј се од своето месо! му велеле, кога толку си желен за труење“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја запалува цигарата и ја закачува в уста. Буричнува со машата во жарјето, вади едно жарче и ја запалува цигарата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ќе подзине и ќе ја истури в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се потсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велика се разбудува и носи едно стомне од бодникот меѓу врати. Ја пијам водата и водата уште в уста се вжештува и испарува. Не слегува подолу од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како некој да ти ждрига в уста, вели и запејува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни ги колваат прстите дури им ги отвораме клунчињата за да им плукнеме в уста. Борба за живот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја грабнуваш чашата ракија и целата в уста ја истураш. Речиси ја блиснуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На враќање назад го заврза коњот за еден трн крај патот и, чурејќи со цигарата в уста, скршна од патот во мртвицата, за да се олесни зад меѓата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Непријателот тоа го чека, а и капетан Мирковиќ тоа го чека: некој да лавне, и да му ги истресе забите в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да не си чул нешто, браче Огнен, вели Уља со касајот в уста, да не си разбрал нешто за Мирчета мој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Олкави вака солзи, ко лешници ми капат в уста и на лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Дмитар не е сам, се сетил некој истоштен Неделко Шијак со сламка в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црниот Пандил Димулев клекнал и со дланка му ги спуштил клепките на покојникот, набабрениот јазик никој не можел да му го врати в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрико Благоја, не вртејќи се кон него, го стисна лулето в уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Функционираат ли? – Да, – одговара – функционираат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе излеземе, таа заповедува да ја фатам под рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само талка со погледот. А болскоти забот в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Плунката му беше опора како ’рѓа; ја чувствуваше в уста и не можеше гласно да се насмее.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред тоа двајца безработници со изгаснати цигари в уста тапо гледаа во кавгаџиите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште со неставен залак в уста, заѕвони телефонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги истоштуваа со тортура и со самување сѐ додека не станеа бедни, лелекаво-човечки руини, кои признаваа сѐ што ќе им се ставеше в уста, се нагрдуваа самите себе, се обвинуваа и се криеја еден зад друг, цимолејќи за милост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цревата ѝ се наткреваат и пред да го стави залакот в уста, а често поради тие буричкања во стомакот, залакот го исфрла уште несоџвакан.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие не знаеја од кое побргу да земаат: вадеа и од кревкото месо, и од кожичките што им крцкаа в уста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поземаа дè од едни, дè од други, вадејќи со прстите по некоја коска што им застануваше в уста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Интереси... - рече пак Стивенс, вадејќи ја лулата од џеб и ставајќи ја празна в уста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека јадеа и пиеја, околу нив се насобраа сите манастирски мачки и кучиња и ги чекаа коските в уста што полковниците им ги фрлаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му ја туривам в уста последната голтка што ја чувам во чутурката...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека тие пееја, прислужникот Геро изнацврцкан од виното што го носеше од бочвата, наполна една кофа со вино и коњите од полковниците ги изнапи со виното туривајќи им со авланката в уста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден по еден се веднеме, сѐ додека не ја загубиме рамнотежата, и еден по еден капеме в уста и долу, низ ледени-от мрак, во длабоките води.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дојде пред кладенецот, го стави шишето под шапурчето што течеше преку листот прикрепен со две чисти изворски камчиња, и кога се наполни, го фрли в уста како ништо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веднаш го грабнува едното бонбонче и го става в уста. Другото го зема Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И, една по една, Зоки почна да си ги става карамелите в уста.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И, неочекувано за сите, тој си ја стави карамелата в уста. - Оваа не е за броење, - рече, - не чини!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
АРСО: (Му дава знак на Поцко за враќање.) Да одиме, чорбаџи Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Адет е, куме, да се удри мур на кумството. (Си ги брише со ракав мустаќите.) Адет е. (Го бацува в уста.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Си отиде со господ в уста, што се вели. 10.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ја земам цигарата в уста: пувкам и мавтам со рацете, го бркам чадот од пред очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам кога ми се врати одново плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби се засркна од дождот, си велам, можеби премногу дожд му влезе в уста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоиме едно до друго и си дишеме од уста в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претка, го нагазува, уште малку и в уста ќе му влезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Побриши, побриши и собери си ги рацете в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Контрашенко се насмевнува и цела чаша вотка ја истура в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов едно куче со човечка нога в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја собираш и плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И луѓето ги прскаат со вода, им посегаат в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата нога в уста да му остане, ќе си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Последен пат кога нешто имаше в уста, беше вчера, пред да почне советувањето. Пексимид и планински чај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вели: - Види, види само паѓа в уста, како крушка, како бонбонче, море како локум со ореви... Ам, ам, бре, што е слатко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Клечејќи, со обете раце собира - откинува јаготки, ја полни шепата и ги фрла в уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас го гледав в очи и в уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка му дотурува од ѓумот... а тој срка густо запечен и лут грав, фрла в уста здиплени фелки леб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)