в (предл.) - панталони (имн.)

- Знам, вели Витомир, децата се прават без панталони, вели, ама оној што нема ништо в панталони, нема ни деца, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Градите му се расцепени, цревата истурени в панталони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да не му влегла гуштерица в панталони, ќе рече некој или да не голтнал некоја смрдулка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Убаво се виде дека човекот се помоча в панталони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе влезам в соба и ништо немам в панталони.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)