в (предл.) - мрак (имн.)

Ќе видиш утре на светлост.“ „Златото свети и в мрак.“ „Секако, свети. Ајде, викни ја Јана.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Париз `ржи ранет, Варшава до појас в гроб и го копа гробот на смртта, Прага се грчи в мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зајдисонцето ме гледа од твоите очи на твојот лик продолжува да зрачи и в мракот што надоаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се чувствувал посигурен в мрак, можел да биде поискрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Мечкојад се згрчил повлекувајќи се од светлоста на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од локомотивата се прскаа в мрак илјадници искри, таа брзо ја цепеше далечината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)