в (предл.) - лет (имн.)

Каде било, само да возиш - без обврски. Безгрижен - како птица в лет.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пат пред тебе, пат зад тебе - бесконечен пат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама твое да е, сосем твое, не на татко ти. Па да се возиш кога сакаш, и каде сакаш! “ „И да не одиш на училиште.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)