без (предл.) - збогум (прил.)

Меѓу нас не беа покојните Дмитар-Пејко, Јане Крстин, Пеце Дановски и Неделко Шијак, и ни свртеа грб Васко Тушев, Круме Арсов, Осип Сечковски, Трипун Караѓоз и свирачот на шупелка Цуцул Мицковски (го видов - ја влечеше без збогум по себе запрегата), и беше и не беше со нас Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така без збогум, жими тебе, не ја видов повеќе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)